Да научиме како да се поттикнеме да учиме

Сите ќе се сложите дека светот во кој живееме рапидно се развива и менува. Едукативните институции имаат административна пречка за брзо да се адаптираат на постојано новите знаења што секојдневно произлегуваат. Затоа секој човек кој сака да биде успешен во денешниот свет треба да го прифати концептот на „учење додека си жив“ (Life Long Learning)  и да стекне вештини за „учење поттикнато од самиот себе“ (Self Directed Learning).

За таа цел, ЦЕФЕ Македонија се вклучи на меѓународниот тим на проектот Self-Directed Learning Competencies for people neither in education, employment nor traininings – SDL4NEEET (Компетенции за поттикнување на лично учење за лицата кои не се во работен, обучувачки или едукативен процес). 

Тимот на проектот се сретна во Рига, Латвија од 06 до 09 март 2023 да ја претстави големата слика до партнерите. Проектот SDL4NEET ја детектира потребата од промени на  начинот на учење и цели кон усвојување подобри вештини меѓу младите кои ќе придонесат за ефикасно, лесно и брзо учење. Перспективите и очекувањата поврзани со проектот, беа само дел од првиот состанок во организација на IELN од Естонија координатор на проектот, DeM од Турција, PRISMS од Малта.  Како претставници од ЦЕФЕ Македонија, присуствуваа Ј.Сталевски, и В.Тодороска. 

Концептот на самопоттикнато  учење се состои од пренесување на компетенции до младите, кои ќе им помогнат да преземат поголема одговорност кон образовниот себеразвој, да постават цели и да пронајдат извори за учење кои вклучуваат соодветна стратегија но и евалуација на достигнувањата. 

Ги покануваме да ни се приклучат едукаторите кои сакаат да им помогнат на барем 2-3 млади лица околу нив да се вратат или вклучат во процесот на едукација или обука. Добивките за вас се:

  • стекнување на искуство и методологија за поттикнување на младите да се поттикнати да учат од самите себе,
  • подобрување и компетитивност во вашето работење преку вмрежување со интернационални едукатори, размена на искуства и учество на две обуки за обучувачи во Малта и Турција, 
  • лична сатисфакција, преку правење на добро дело доколку менторирате и им помогнете на некои млади околу вас да си го најдат патот на нивното учење, а со тоа и нивна себе реализација,
  • интернационала препознаеноост на вашите активности во рамки на проектот преку учество на интернационални и национални конференции.
  • хонорари за придонес во креирање на методологија за себепоттикнато учење.

Исто ги покануваме и сите млади лица кои во периодот не се вклучени во формален образовен процес и се невработени да се приклучат во проектот за да добијат:

  • вештини за како да се мотивираш да учиш на различни начини без некој да мора да те турка,
  • вмрежување и учество на интернационален камп со уште 40 други млади од Естонија, Турција, Македонија и Малта,
  • информации за твојот стил на учење и каде има можности да ги оствариш твоите кариерни и лични цели.

Сите заинтересирани контактирајте не на info@cefe.mk

Проектот е поддржан од Еразмус+ програмата на Европската Комисија, преку Естонската Национална Агенција за Европски Образвони Програми и Мобилности.

The only person who is educated is the one who has learn how to learn…..and change – Carl Rogers