По повод светскиот ден на претприемништвото – 16ти април, претседателот на ЦЕФЕ Македонија, Јован Сталевски, гостуваше во попладневната програма „Пелагонија на дланка“ на локалната телевизија Орбис од Битола. Главни теми на разговорт беа тековните активности од проектот „Зошто да одите во странство кога може да останете и да инвестирате во својата земја“ и значењето за онлајн курсот кој го произведовме во рамките на овој проект.
Им благодариме на уредниците од ТВ ОРБИС што го препознаа значењето и целта на овој проект за да информира и мотивира за можностите за развој и водење на бизнис во државава, а со тоа и да се намали одливот на таленти.

