Гостување на ТВ МЕГА Битола

По повод светскиот ден на претприемништвото, претседателот на ЦЕФЕ Македонија, Јован Сталевски, гостуваше во утринската програма на локалната хдтв МЕГА од Битола. Покрај општите теми за претставување на организацијата, активностите и уникатната методологија за креирање на претпријатија преку оформување на претприемачи, беше претставен и проектот „Зошто да одите во странство кога може да останете и да инвестирате во својата земја“. Им благодариме на уредниците од ХДТВ МЕГА што го препознаа значењето и целта на овој проект за да информира и мотивира за можностите за развој и водење на бизнис во државава, а со тоа и да се намали одливот на таленти.