Виртуелни технологии за реформи во туристичкиот сектор

На 29 и 30 јануари 2024 година, во рамки на проектот ВИРТУАЛ (Vocational Innovation Renewing Tourism Advanced Learning) претставници на ЦЕФЕ Македонија се состанаа во кампусот на Универизтетот за Бизнис и Технологии (UBT) во Приштина, Косово со останатите партнери од проектот.

На состанокот се разговараше за произведените резултати во работниот пакет 2:

  • Истражување за дуалните модели на стручно образование во туристичкиот сектор во Македонија, Косово и Албанија. Целосниот извештај на Англиски јазик видете го овде.
  • Истражување за состојбата во туристичкиот сектор во Македонија, Албанија и Косово; потребите на туристичките капацитети за квалификуван кадар и опис на вештините и компетенциите потребни за работни места во туризмот со измените што се барани како последица на дигиталната трансформација, еколошките стандарди и ковид кризата. Извештајот видете го овде.

Исто така се поставија цели и планови за креирање на производи од работниот пакет 3:

  • Материјали за учење за експерти и наставници како да користат Виртуелни Технологии во процесот на подготовка на учениците за работа во туристичкиот сектор;
  • Обуки за наставен кадар и експерти во Тирана, Албанија;
  • Локални обуки во стручните училишта од областа на туризмот;

Проектот ВИРТУАЛ има за цел да го подобри нивото на компетенции, вештини и потенцијал за вработување кај учениците од стручното образование (ВЕТ секторот) преку нови и иновативни образовни програми од областа на туризмот (угостителство и ресторани), конкретно со примена на иновативна технологија како што е виртуела реалност (VR), проширена реалност (AR) и симулатори во ВЕТ институциите од Западен Балкан. Ова е популарно наречено Образование 4.0.

Партнери на проектот се 6 организации, универзитети, компании и ВЕТ провајдери: ТУЧЕП – Италија, АРТЕС Италија, Професионален Колеџ Тирана – Албанија,  Европскиот Универзитет Тирана – Албанија, Универзитет за Бизнис и Технологии – Косово;

Во Македонија, проектот се спроведува од ЦЕФЕ Македонија, со поддршка од бројни соработници, меѓу кои и Агенцијата за Промоција на Туризмот на Р. С. Македонија.