ВИРТУАЛ технологојата може да го подобри нивото на вештини, можности и вработливост кај учениците од ВЕТ секторот

На 7 декември 2023, претставници од ЦЕФЕ Македонија, заедно со партнерите на проектот ВИРТУАЛ, одржаа состанок за евалуација и планирање на фазите од проектот.

Целта на состанокот беше да се разговара за успешна реализација на проектот и да се координира извршувањето на првата фаза од работата, која се состои од:

  • испитување на моменталната и очекуваната побарувачка на пазарот на труд за работници во секторот туризам и прехранбени услуги,
  • со особено внимание да се идентификуваат видовите на стручни вештини кои работодавците ги бараат и веројатно ќе бидат барани во иднина,
  • а потоа нивно усогласување со понудата на V.I.R.Tu.A.L.

Така, особено со оглед на влијанието на кризата со Ковид врз туристичкиот сектор и тешкотијата за пристап до искуствата од учење на работното место за младите луѓе вклучени во СОО.

Визијата на проектот е дека технологојата може да го подобри нивото на вештини, можности и вработливост кај учениците од ВЕТ секторот

Проектот ВИРТУАЛ има за цел да го подобри нивото на компетенции, вештини и потенцијал за вработување кај учениците од стручното образование (ВЕТ секторот) преку нови и иновативни образовни програми од областа на туризмот (угостителство и ресторани), конкретно со примена на иновативна технологија како што е виртуела реалност (VR), проширена реалност (AR) и симулатори во ВЕТ институциите од Западен Балкан. Ова е популарно наречено Образование 4.0.

Главните цели на проектот се:

  • Да се развијат наставни методологии користејќи технологија и/или ИКТ алатки и да се развие способноста на наставниците да ги вметнат дигиталните технологии во наставата;
  • Да се опремат студентите со компетенции за користење и пристап до алатки, софтвер и платформи;
  • Да се зголеми интеракцијата помеѓу наставниците и учениците со помош на технологиите;
  • Да се зголеми нивото на разбирање, а истовремено да се намали времето за разбирање и напорот што им е потребен на учениците за да научат информации користејќи 3Д концепти наместо 2Д;
  • Да се воспостават мостови на соработка помеѓу туристичката индустрија и обучувачите како средства за обезбедување на правилна употреба на Образованието 4.0 на Стручните Образовни Институции од Западен Балкан.

Овој проект ќе ги произведе следните резултати како нова вредност:

  • Интерактивна мапа за дуалното образование и обука. Со тоа ќе се прикаже ситуацијата за туристичките ресурси во институциите за стручно образование и обука од Западен Балкан;
  • Флексибилен дигитален пакет со алатки, способен да прикажува содржини преку технологии за зголемена и виртуелна реалност;
  • Насоки за дигиталната методологија на настава (Образование 4.0) што треба да ги користат обучувачите/наставниците за да го имплементираат овој иновативен образовен пристап;
  • Потпишан Меморандум за разбирање помеѓу партнерите и други субјекти надвор од проектот за формализирање на соработката и комуникацијата помеѓу центрите за стручно образование и обука во областа на туризмот.

Конзорциумот избран да го спроведе проектот V.I.R.Tu.A.L е составен од комплементарни, искусни и професионални организации кои се релевантни за проектот и неговата тема.

Партнерството ги претставува следните перспективи и искуства кои се релевантни и неопходни за развој на проектот:

(а) ВЕТ провајдери, исто така со специфична експертиза во анализа на системот на професии (ТУЧЕП – Италија, Професионален Колеџ Тирана – Албанија,  Европска Едукативна Иницијатива – Албанија, Универзитет за Бизнис и Технологии – Косово;

(б) Организации ангажирани во промовирање на искуственото учење и претприемнички компетенции  (ЦЕФЕ Македонија)

(в) Технолошки организации (АРТЕС Италија)

Проектот се спроведува од 6 партнери од Албанија, Италија, Косово и Македонија.

Овој проект започнува по препораката на советот за стручно образование и обука за одржлива конкурентност, социјална правичност и издржливост од декември 2020 година:

  • Забележан е драматичен пад на бројот на места за обука за стажирање и тоа повлекува недостаток на можности за обука за младите, исто така, може да доведе до интензивирање на недостигот на квалификувана работна сила, во некои области, на среден рок.
  • Покрај создавањето заедничка ЕУ платформа за стручно образование и обука, развој на системи за симулација на виртуелна реалност и други дигитални алатки за образование за стручно образование и обука со помош на истражувачки проекти и тест фази се препорачливи.
  • Прекинот на обезбедување на Стручно Образование и Обука (ВЕТ) предизвикано од пандемијата COVID-19 има значително образовно и социјално влијание врз студентите од СОО, особено од обесправените средини, и претставува тешки предизвици за студентите кои најдобро работат под директно водство и во присуство на наставник;

Времетраење на проектот: 1.01.2023 – 31.12.2025

ВИРТУАЛ е кофинансиран од Еразмус+ програмата на Европската Комисија, преку клучната акција 2 – градење на капацитети во стручното образование, со фокус на партнерствата на земјите од Западен Балкан и Европска Унија.