Бизнис средба и саем за кариера во Тетово

На 29ти април 2015, присуствуваме на десеттиот Саем за Кариера кој се одржа на SEEU Универзитетот Југоисточна Европа, при што реализиравме и бизнис средбата со студентите од универзитетот и технолошкиот парк SEEU TechPark. Тимот на проектот „Зошто да одите во странство кога може да останете и да инвестирате во вашата земја“ имаше прилика да им претстави на министерот за образование на РМ, Г-ин Абдилаќим Адеми и ректорот на универзитетот на ЈИЕ, Г-ин Замир Дика, што прави проектот за да ги мотивира и информира младите таленти од Македонија да превземат претприемачки активности.

Поконкретно, им го презентираа фактот дека преку овој проект за прв пат кај нас се креира видео содржина за масивен отворен онлајн курс наменет за Македонската и светската јавност. Тоа ќе ја претставува македонската претприемачка приказна на масивниот отворен онлајн курс Beyond Silicon Valley: Growing Entrepreneurship in Transitioning Economies

По завршувањето на саемот и вмрежувањето со присутните студенти и 40тина компании, тимот одржа бизнис средба со студентите од универзетот и им презентираше видеа за посредничките организации кои го подджруваат претприемништвото во РМ. Проектот е поддржан од U.S. Embassy Macedonia и доколку сте љубопитни да погледнете фотографии од настанот кликнете на следниот линк http://bit.ly/meetupTetovo