Бизнис Средба во Скопје

На 28 април 2015 во Американското Катче Скопје American Corner Skopje/ American Educational Center тимот на проектот „Зошто да одите во странство кога може да останете и да инвестирате во вашата држава„ одржа бизнис средба на која се промовираа две видеа од онлајн курсот „Развој на претприемништвото во транзитните економии“. Во видеата е претставена Македонската претприемачка приказна и можностите за поддршка на претприемништвото кои се нудат во Македонија. На средбата присуствуваа студенти и професори од Универзитетот Американ Колеџ Скопје UACS Skopje, претставници од NewMan’s Business Accelerator, професори и ученици од средно економско училиште, млади со свои бизнис идеи како и членови на Американското катче Скопје. Присутните се запознаа со видеото „Улогата на посредничките организации“ и концептот на организации, фондации и технолошки паркови кои им помагаат на младите претприемачи, како и со улогата на бизнис акселераторите во развојот на иновативните бизниси во Македонија. Преку прашања и дискусија присутните имаа можност директно да разговараат и со претставниците од бизнис акселераторот за нивната работа, можностите за соработка, како и да слушнат конкретни приказни од нивното искуство во поддршка на младите претприемачи.

Погледнете ги фотографиите на нашата Фејсбук фан страна http://bit.ly/meetupSK