Вести

Објавено на мај 28th, 2021 | од admin

0

Академија за пишување и развој на проектни предлози (есен 2021) Како до +30.000 евра за вашата проектна идеја?

Пишувањето на твојот проект, може да биде како да го барате патот кога сте изгубени. Доколку ви се случило тоа и не сте успеале, тогаш знаете дека најдобриот начин е да имате некој што ќе ве води. Некој што веќе го поминал тоа и може да ви го покаже патот. Но, не само тоа. Најдобро би било да имате ментор, кој може да ве охрабри, мотивира, и да ви помогне да го завршите својот проект. 

Токму поради тоа, ЦЕФЕ Македонија™ и обучувачите од „ЦЕФЕ Едукација и Тренинг“ ја дизајнираа Академијата за пишување и развој на проектни предлози која има за цел да ви ги покаже најдобрите стратегии за да го напишете вашиот најдобар проект до сега. Сакаме да ви дадеме знаење, стратегии, вештини и техники како да напишете проект за вашите идеи и да добиете средства за негова реализација. 

ЗА АКАДЕМИЈАТА

Доколку имаш идеја, дали веднаш ја отвараш апликацијата и започнуваш да внесуваш податоци? Дали тоа е најдобар начин? Најефикасен? Дали е стратегија?

Започнувајќи од тоа, започнавме да истражуваме и да пробуваме да ги споиме ЦЕФЕ Mетодологијата™  за развој на претприемачки компетенции и бизнис идеи и програмите на различни донатори кои бараат вештини и компетенции за решавање на проблеми низ светот. 

Со комбинација на искуствените вежби од ЦЕФЕ™ , нашето 15 годишно обучувачко исксутво во менаџирање на проектите и онлајн учењето и искуството на интернационални експерти, ги креиравме алатките и методите кои што ќе ви ги дадеме на вас:

  • Најкратко време за увид и подготовка на проектна апликација,
  • Подлабок увид на проблемите и решенијата кои се нудат со идејата,
  • Наоѓање на иновативни начини за решение на проблемите,
  • Генерирање на целокупните потребни информации за полесно да може да се стават во проектна апликација,

За кого е дизајнирана оваа академија:

  • Претставници од граѓански сектор (нво, фондации, институти);
  • Бинис сектор (едукативни бизниси – консалтинг, едукација, јазични студија, академии, фирми кои имаат едукативни настани за развој на нивни вработени, итн…);
  • Едукативен сектор (училишта средни основни, приватни и државни факултети);
  • Државни институции (сите кои што имаат едукативни активности и се заинтересирани за развој на проекти);
  • Секој што сака да ги реализира своите идеи;

Ги прашавме заинтересираните учесници за оваа академија. Кои се нивните потреби и барања и мотиви за да инвестираат финансиски средства и + 40 часа од нивниот живот?

  • Да се научам да пишувам проект
  • Да аплицирам на одреден конкурс
  • Добијам финансии за идејата
  • Да обезбедам ресурси за организацијата/фирмата
  • Напредок во фирмата
  • Сакам некој да ме води, да ме поддржува, да ме менторира
  • Да имам доверба во експертите
  • Да работам на реални примери и проекти (пракса)
  • Да добијам примери и урнеци и алатки за развој на проекти, кои би ги користел во иднина
  • Да изготвам реална апликација за мојата идеја

Според вашите барања и потреби, ова се добивките што ќе ги понесете од академијата:

  • Знаење и вештини за пишување и развивање на вашиот проект,
  • Стратегии за пишување на проекти (Што е проблемот?, Кој го има тој проблем? Што ќе употребиме ново за решавање на проблмоет? Какво влијание ќе има?)
  • Вмрежување со потенцијални партнери (за соработка, учење, размена, фидбек, како да се развиваш …),
  • Завршена апликација – пополнета и подготвена за аплицирање за финансии,
  • Коучинг во водење на добиен проект – дај боже да го добиете, тука сме да ви помогнеме,
  • Пријателски ментори кои нема да ве судат заради нешто што не знаете или знаете погрешно,
  • Структурирани информации и организирани за полесно прифаќање,
  • Информации со можности за финансирање на проектни предлози,
  • Не сте сами, ќе имате со кој да се посоветувате во текот на развојот на идејата, отколку да губите време на пребарувања,
  • Најдобриот проект кој што ќе го развиете сте вие самите!,

Како ќе изгледа академијата:

  • 4 до 8 часа неделно – вежби, презентации, примери и онлајн предавање со насоки,
  • 2 до 4 часа неделно домашна работа поддржана од ментор,
  • Прашања и одговори на почеток на онлaјн средбата,
  • Примери од вашите домашни, за подобрување,
  • Првите 4 -5 средби ќе се развива идејата и концептот на проектот (тренер, ментор и тимови). Најдобро е да има по двајца членови од секој тим. Зошто? Да разговарате меѓу себе и да се преиспитувате.
  • Останати 5-6 средби ќе се развива проектна апликација (тренер + ментори + супервизори). Ова ќе се работи и со партнерите…не само вие сами. Пример еден партнер ќе пишува за производи, еден ќе пишвуа за тренинзи, итн…
  • Во меѓувреме нашиот тим ќе ве води и ќе ви дава фидбек.

Сесии од академијата:

  1. Вовед во академија и запознавање,
  2. Генерирање, селекција и развој на проектна идеја,
  3. Дефинирање на проблем, потреби, целни групи, решенија
  4. Дигитални вештини за развој на проекти и тимска работа,
  5. Развој на производи, услуги и интелектуални аутпути во проект,
  6. Развој и дефинирање на проектни активности,
  7. Индикатори, верификација на резултати и евалуација на проект,
  8. Развој на буџет и финансиски делови од апликација,
  9. Техничка подготовка на апликација,
  10. Административни документи и совети за аплицирање,

Колку е тешко да напишеш проект? Прво запрашајте се следното:

  • Дали имаш желба да работиш на оваа идеја и без финансирање од страна?
  • Дали имате експертиза или искуство да го развиете проектот?
  • Дали ја сакате таа идеја?
  • Дали ви треба таа идеја?
  • Дали овој проект е вистинската потреба за вас?
  • Дали е тешко да се докаже потребата од твојата идеја?

Затоа ќе ви дадеме техники кои ќе ги понесете од оваа академија за развој на вашите проектни идеи во иднина:

  • Техника за генерирање и оценка на проектна идеја (критериуми: дали и колку проектни идеи има веќе на оваа тема? Дали е лесно да се опише? Дали има потенцијал за големо влијание? Дали е иновативна?);
  • Техника за оформување на концептот на твојата проектна идеја;
  • 20% од проектот е проектната идеја и 80% е техниката на описот на таа идеја во апликацијата;
  • Дрво на проблеми и решенија;
  • Премостување / Поврзување на потреби и желби;
  • Техники и примери за составување на буџет;
  • Искористување на добри практики на нов начин;
  • Оценување на проектна идеја;

Но, ќе ви дадеме и различни алатки за развој на различни делови од апликацијата:

  1. Проблем – алатка за дефинирање на проблемот
  2. Целна група – алатка за опис и разбирање на целната група, нивните потреби и барања
  3. Иновации – алатка за наоѓање на нов начин и пристап кон решавање на проблемот
  4. Влијание – алатка за опис на вештините и знаењата од проектната идеја
  5. Планирање – алатки за организација на активности во време: гант чарт, перт дијаграм, критичен пат на анализа;

Како ќе се постигнат целите на оваа академија?

Методологија:

  • Пишување со взаемно помагање (различни тимови даваат фидбек на други тимови),
  • Ќе работиме во Google Docs – техники за ефикасно работење и организација на фајлови,
  • Гемификација – учење преку игра,
  • Искуствено учење,
  • Поделба на работите: 50% од времето ти ја развиваш идејата, доказите, концептите, а останатите 50% со партнерите,
  • Копирање и иновација (истражување на нешто постоечко, учење што има таму, подобрување и нови концепти кои водат до иновација),
  • Водење од проблем кон подобрено решение,

Кои се обучувачите и менторите:

Јован Сталевски, Катерина Кимовска, Шемседин Илијаз, Александра Најческа

  • 15 години во Европски проекти
  • Обучувачи за бизнис развој, преку 4000 лица тренирани низ цел свет, преку 300 бизнис планови и преку 30 проекти напишани. Повеќе од 70% реализација.
  • Членови и соработници на ЦЕФЕ Македонија™  од 2013 година. 
  • Вклучени во развој на бизнис идеи од 2005 година. 

Колку треба да инвестирам?

39.900 Денари – зошто? 

  1. Ние сакаме да правиме бизнис на принципот – јас имам нешто што тебе ти треба, ти имаш нешто што мене ми треба. Да ги размениме и да креираме нова вредност за двете страни. 
  2. Секој бизнис си има почетна инвестиција. Сакаме да се осигураме дека оваа можност и академија ви е потрбена, знаете што сакате да правите со вашата проектна идеја и сте подготвени и вие да инвестирате време и финансиски ресурси. Со тоа и нашето и вашето вложено време, ќе се трудиме да бидат најдобра вредност за инвестицијата.  
  3. Сакаме да сте свесни дека еднократно инвестираните средства се можност за минимум  повраток на инвестицијата од околу 30 000 евра (значи 60 пати повеќе, доколку го добиете проектот)…и уште многу пати за наредните проекти кој што ќе бидете во можност сами да ги развивате!
  4. Нашиот процент на успешност е околу 50%, што значи секој втор проект што сме го развивале, добил финансирање – целта ни  е и вас да ви помогнеме да го правите истото – дури и подобро.

Начин на плаќање?

  1. Заштедете 25% (или 10.000 денари) за рана пријава и уплата на учество до 15 јуни 2021.
  2. Вкупниот износ можете да го платите на три месечни рати: во јули, август, и септември 2021.
  3. Овозможуваме 5% (или 2.000 денари) попуст за плаќање на целосната сума  одеднаш (електронски или профактура).

Како да учествувате?

  • Развој на проект е развој на себеси. 
  • Мора да ви направиме да ви е некомфорно (една од целите е да ве извадиме од комфорната зона … ќе мора да инвестирате 2 -5 часа неделно, зависи колку сте искусни и посветени),
  • Извинувањата ви штетат на вас…не на нас…колку повеќе одлагате да се посветите на академијата, толку помалку ќе напредувате
  • Дали сте подготвени да научите нешто ново за развој на проекти? Доколку сте, може да аплицирате на овој линк до 10 август 2021 година.

Важно: аплицирајте само доколку вистински сакате да инвестирате финансии и време во себе и во своите идеи! Ќе има вистина многу што да се научи и да се проследат и прашаат искусни експерти.

Контакт:

  • Јован Сталевски 078437267 
  • Мартин Костадиновски 072213033
  • info@cefe.mk 


За авторот



Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to Top ↑