ЦЕФЕ

Вести

Обука на тренери за претприемништво во Холандија

Од 21ви до 30ти Ноември 2016 година, ЦЕФЕ Македонија беше партнер и дел од обука за тренери и претприемачи која се одржа во Лосер, Холандија. Обуката е дел од проектот „Coaching for trainers and entrepreneurs“ на Холандската организација Stichting Incombinacion, финансиран од програмата Еразмус + на Европската Комисија. За време на девет-дневната обука, обучувачите на ЦЕФЕ Македонија, Зоран Витанов и Јован Сталевски со својата експертиза им овозможија на 20 нови тренери од 10 европски земји (Македонија, Грција, Бугарија, Италија, Шпанија, Холандија, Романија, Полска, Естонија и Словачка) да станат независни тренери по претприемништво.  Покрај овие земји, учесници имаше и од Турција и Португалија. Покрај обуката, прекрасната организација на Stichting Incombinacion ни овозможи и едукативна посета на YES Delft – бизнис инкубатор во склоп на најпрестижниот универзитет во Делфт, каде видовме бројни технолошки иновации од страна на компаниите во инкубаторот. Се запознавме и со  EYES International – интернационално друштво за несекојдневни млади претприемачи, и нивната култура на споделување, поддршка и вмрежување. Покрај запознавањето со мал дел од претприемачкиот еко систем, имавме и можност директно да го истражиме пазарот во Холандија за нашите идеи и бизниси. Овај проект е продолжение на ланскиот тренинг на тренери Future Entrepreneurship Ambassadors, кој се одржа од 5ти до 18ти Октомври во Кајзери, Турција. А продолжение на овој проект, останува да видиме што ќе произведат новите партнерства… 🙂 Погледнете ги сликите од извонредната атмосфера на обуката.

Вести

Успешно организиран дијалог помеѓу младите и креаторите на политики

Во рамките на проектот „Дијалог помеѓу младите луѓе и креаторите на политики“ на ЦЕФЕ Македонија, од 27ми до 29ти Ноември во Хотел Епинал во Битола, беше одржана конференција. На конференцијата присуствуваа повеќе од 80 млади луѓе, претприемачи, универзитетски професори, членови на младински организации, членови на организации за поддржка на претприемништвото, претставници на државни институции, бизнисмени, невработени. Целта на конференцијата беше да се поттикне дијалогот помеѓу сите клучни играчи на локално ниво кои имаат улога во креирање на услови за промоција и поддржка на младинското претприемништво.  Од друга страна да се охрабрат младите да бидат проактивни во барањето на информации, за поддржката што институциите и организациите ја нудат на ова поле. На конференцијата како почетна точка за дискусија се презентираа податоците од истражувањето што ЦЕФЕ Македонија го спроведе помеѓу младите луѓе и креаторите на политики. Од овие резултати произлегоа конкретни и јасни насоки во кои треба да се движат и институциите, но и младите, за подобрување на нивната соработка. Резултатите од истражувањето се публикувани во брошура која наското ќе биде објавена во електронска форма, достапни за јавноста. На конференцијата гости говорници беа: Ѓорги Рафајловски – SEEU TechPark, Тетово; Александар Димески – LEAD, Скопје; Маргарита Гулевска – Здружение на граѓани Отворете ги прозорците, Скопје; Проф. Др. Константин Петковски – Технички факултет Битола, Битола; Јулујана Поповска  –  Агенцијата за вработување на Република Македонија, Битола; Андреа Соколовски, Ана Велјановска, Стевче Манивиловски –Агенција за поттикнување и развој на земјоделие, Битола; Доц. Др. Божидар Миленковски – Факултет за информатички и комуникациски технологии, Битола; Дијана Дамевска  – Бизнис Академија Смилевски; Антонио Колонџоски – Здружение за напредно и современо образование Волвокс, Битола. Погледнете ги сликите од конференцијата.

Вести, Изминати проекти, Проекти

7. ЦЕФЕ Македонија партнер во проект за медиумска писменост

ЦЕФЕ Македонија беше партнер во проект за медиумска писменост. Три учесници од Битола учествуваа на тренингот Educate Me(dia), кој го организираа нашите колеги INPRO. Тренингот се одржа крајот на Октомври 2016 година во Режов, Полска. Целта на овој проект беше да учесниците стекнат вештини за медиумска писменост, да разберат како да развијат емпатија до испраќачот или примачот на пораката и како да бидат ефективни во комуникацијата. Овај проект е финансиран од програмата Ерасмус + на Европската Комисија. Слики можете да погледнете на нашата Фејсбук страница.