Тековни проекти

Проекти, Тековни проекти

СЕМЕЈСТВОТО Е ВАЖНО: Јакнење на младинската работа преку поддршка на семејството

Erasmus+ KA220-YOU | Sept 2025 – Feb 2027 Проектот „Семејството е важно“ е меѓународна иницијатива поддржана од програмата Erasmus+, чија цел е да ги оспособи младинските работници со иновативни, базирани на докази алатки за поддршка на ранливи млади преку работа со нивната семејна динамика. Заедно со партнери од Естонија, Северна Македонија, Турција, Малта и Италија, ко-креираме нова методологија што ја поврзува младинската работа со семејната терапија. 🧠 Фокус: Ментално здравје, социјална инклузија и отпорност👥 Целна група: Младински работници, истражувачи, семејни терапевти и 120+ млади лица и нивните семејства📦 Резултати: 2 обуки, интервенциски сет алатки, 7 мини-курсеви, 1 научна статија, национални семинари 💡Со интегрирање на семејната поддршка во младинската работа, целиме кон отклучување на потенцијалот на младите и создавање долгорочно социјално влијание. 🔗 Дознај повеќе: www.cefe.mk ; https://www.experientiallearning.net/ ; www.experianta.com📧 Контакт: info@cefe.mk

Проекти, Тековни проекти

Проект: BeyondDigits: Kопродуктивна финансиска едукација (BeDi)

Времетраење: 24 месеци (07/10/2024-06/10/2026) Буџет на проектот: 250 000 € Програма за финансирање: Еразмус+ КА220-АДУ – Партнерства за соработка во образованието на возрасни Национална агенција: EL01 –Фондација на Грчката државна стипендија  (IKY) Во проектот покрај Македонија вклучени се партнерски организации од Грција како носител на проектот, Малта, Белгија Австрија и Литванија преставувани од: *Целите на проектот „BeyondDigits” се поставени според приоритетот „Вклучување и различност во сите области на образованието и обука” и вклучуваат – Отстранување на бариерите за образование на возрасни. – Подобрување на финансиската писменост за лицата со развојна/интелектуална попреченост (ДД/ИД). – Збогатување на DD/ID образовната заедница со квалитетни, ефективни и пристап до бесплатни алатки. – едукација на темата за професионалци кои работат со луѓе со DD/ID со фокус на интегрирање на дигитални алатки во нивната пракса. * За постигнување на овие цели предвидено е да се спроведат следните активности: – Потребно е да се идентификуваат и истражи познавањето на темата финансиска писменост кај возрасни со DD/ID, да се создадат соодветни алатки за обука, како и  дигитални вештини на професионалци. – Ко-дизајнирање и развој на прилагодени дигитални и недигитални материјали за обука. – Учење на наставни активности за обука и пилотирање за лица со DD/ID, како и за нивните обучувачи и едукатори. – Проценка, дисеминација и имплементација на активностите Очекувани резултати: – да се направи пакет на соодветни алатки за обука за финансиската писменост прилагодена за лица со DD/ID, во кој ќе биде вклучен дигитален и недигитален материјал. – Обука на лица со ДД/ИД за финансиска писменост. – Обука на професионалци кои работат со лица со DD/ID за користење на овие алатки како дел од нивната клиничка пракса. – Дигитализирани онлајн модули и онлајн платформа со отворен пристап која ќе  го обезбеди целиот материјал бесплатно. – Подигнување на свеста за темата и споделување на резултатите.

Проекти, Тековни проекти

Project “BeyondDigits: Co-productive Financial Education” (BeDi)

Project “BeyondDigits: Co-productive Financial Education” (BeDi) Duration: 24 months (07/10/2024 to 06/10/2026) Project budget: 250 000,00 € Funding Program: Erasmus+ KA220-ADU – Cooperation partnerships in adult education National Agency: EL01 – Greek State Scholarship’s Foundation (IKY) Project Partners: The objectives of the “BeyondDigits” project according to the priority of “Inclusion and diversity in all fields of education, and training”, are: To reach the project’s goals the following activities are going to be implemented: Expected Results:

Проекти, Тековни проекти

ВИРТУАЛ технологојата може да го подобри нивото на вештини, можности и вработливост кај учениците од ВЕТ секторот

На 7 декември 2023, претставници од ЦЕФЕ Македонија, заедно со партнерите на проектот ВИРТУАЛ, одржаа состанок за евалуација и планирање на фазите од проектот. Целта на состанокот беше да се разговара за успешна реализација на проектот и да се координира извршувањето на првата фаза од работата, која се состои од: испитување на моменталната и очекуваната побарувачка на пазарот на труд за работници во секторот туризам и прехранбени услуги, со особено внимание да се идентификуваат видовите на стручни вештини кои работодавците ги бараат и веројатно ќе бидат барани во иднина, а потоа нивно усогласување со понудата на V.I.R.Tu.A.L. Така, особено со оглед на влијанието на кризата со Ковид врз туристичкиот сектор и тешкотијата за пристап до искуствата од учење на работното место за младите луѓе вклучени во СОО. Визијата на проектот е дека технологојата може да го подобри нивото на вештини, можности и вработливост кај учениците од ВЕТ секторот Проектот ВИРТУАЛ има за цел да го подобри нивото на компетенции, вештини и потенцијал за вработување кај учениците од стручното образование (ВЕТ секторот) преку нови и иновативни образовни програми од областа на туризмот (угостителство и ресторани), конкретно со примена на иновативна технологија како што е виртуела реалност (VR), проширена реалност (AR) и симулатори во ВЕТ институциите од Западен Балкан. Ова е популарно наречено Образование 4.0. Главните цели на проектот се: Да се развијат наставни методологии користејќи технологија и/или ИКТ алатки и да се развие способноста на наставниците да ги вметнат дигиталните технологии во наставата; Да се опремат студентите со компетенции за користење и пристап до алатки, софтвер и платформи; Да се зголеми интеракцијата помеѓу наставниците и учениците со помош на технологиите; Да се зголеми нивото на разбирање, а истовремено да се намали времето за разбирање и напорот што им е потребен на учениците за да научат информации користејќи 3Д концепти наместо 2Д; Да се воспостават мостови на соработка помеѓу туристичката индустрија и обучувачите како средства за обезбедување на правилна употреба на Образованието 4.0 на Стручните Образовни Институции од Западен Балкан. Овој проект ќе ги произведе следните резултати како нова вредност: Интерактивна мапа за дуалното образование и обука. Со тоа ќе се прикаже ситуацијата за туристичките ресурси во институциите за стручно образование и обука од Западен Балкан; Флексибилен дигитален пакет со алатки, способен да прикажува содржини преку технологии за зголемена и виртуелна реалност; Насоки за дигиталната методологија на настава (Образование 4.0) што треба да ги користат обучувачите/наставниците за да го имплементираат овој иновативен образовен пристап; Потпишан Меморандум за разбирање помеѓу партнерите и други субјекти надвор од проектот за формализирање на соработката и комуникацијата помеѓу центрите за стручно образование и обука во областа на туризмот. Конзорциумот избран да го спроведе проектот V.I.R.Tu.A.L е составен од комплементарни, искусни и професионални организации кои се релевантни за проектот и неговата тема. Партнерството ги претставува следните перспективи и искуства кои се релевантни и неопходни за развој на проектот: (а) ВЕТ провајдери, исто така со специфична експертиза во анализа на системот на професии (ТУЧЕП – Италија, Професионален Колеџ Тирана – Албанија,  Европска Едукативна Иницијатива – Албанија, Универзитет за Бизнис и Технологии – Косово; (б) Организации ангажирани во промовирање на искуственото учење и претприемнички компетенции  (ЦЕФЕ Македонија) (в) Технолошки организации (АРТЕС Италија) Проектот се спроведува од 6 партнери од Албанија, Италија, Косово и Македонија. Овој проект започнува по препораката на советот за стручно образование и обука за одржлива конкурентност, социјална правичност и издржливост од декември 2020 година: Забележан е драматичен пад на бројот на места за обука за стажирање и тоа повлекува недостаток на можности за обука за младите, исто така, може да доведе до интензивирање на недостигот на квалификувана работна сила, во некои области, на среден рок. Покрај создавањето заедничка ЕУ платформа за стручно образование и обука, развој на системи за симулација на виртуелна реалност и други дигитални алатки за образование за стручно образование и обука со помош на истражувачки проекти и тест фази се препорачливи. Прекинот на обезбедување на Стручно Образование и Обука (ВЕТ) предизвикано од пандемијата COVID-19 има значително образовно и социјално влијание врз студентите од СОО, особено од обесправените средини, и претставува тешки предизвици за студентите кои најдобро работат под директно водство и во присуство на наставник; Времетраење на проектот: 1.01.2023 – 31.12.2025 ВИРТУАЛ е кофинансиран од Еразмус+ програмата на Европската Комисија, преку клучната акција 2 – градење на капацитети во стручното образование, со фокус на партнерствата на земјите од Западен Балкан и Европска Унија.

Проекти, Тековни проекти

Да научиме како да се поттикнеме да учиме

Сите ќе се сложите дека светот во кој живееме рапидно се развива и менува. Едукативните институции имаат административна пречка за брзо да се адаптираат на постојано новите знаења што секојдневно произлегуваат. Затоа секој човек кој сака да биде успешен во денешниот свет треба да го прифати концептот на „учење додека си жив“ (Life Long Learning)  и да стекне вештини за „учење поттикнато од самиот себе“ (Self Directed Learning). За таа цел, ЦЕФЕ Македонија се вклучи на меѓународниот тим на проектот Self-Directed Learning Competencies for people neither in education, employment nor traininings – SDL4NEEET (Компетенции за поттикнување на лично учење за лицата кои не се во работен, обучувачки или едукативен процес).  Тимот на проектот се сретна во Рига, Латвија од 06 до 09 март 2023 да ја претстави големата слика до партнерите. Проектот SDL4NEET ја детектира потребата од промени на  начинот на учење и цели кон усвојување подобри вештини меѓу младите кои ќе придонесат за ефикасно, лесно и брзо учење. Перспективите и очекувањата поврзани со проектот, беа само дел од првиот состанок во организација на IELN од Естонија координатор на проектот, DeM од Турција, PRISMS од Малта.  Како претставници од ЦЕФЕ Македонија, присуствуваа Ј.Сталевски, и В.Тодороска.  Концептот на самопоттикнато  учење се состои од пренесување на компетенции до младите, кои ќе им помогнат да преземат поголема одговорност кон образовниот себеразвој, да постават цели и да пронајдат извори за учење кои вклучуваат соодветна стратегија но и евалуација на достигнувањата.  Ги покануваме да ни се приклучат едукаторите кои сакаат да им помогнат на барем 2-3 млади лица околу нив да се вратат или вклучат во процесот на едукација или обука. Добивките за вас се: стекнување на искуство и методологија за поттикнување на младите да се поттикнати да учат од самите себе, подобрување и компетитивност во вашето работење преку вмрежување со интернационални едукатори, размена на искуства и учество на две обуки за обучувачи во Малта и Турција,  лична сатисфакција, преку правење на добро дело доколку менторирате и им помогнете на некои млади околу вас да си го најдат патот на нивното учење, а со тоа и нивна себе реализација, интернационала препознаеноост на вашите активности во рамки на проектот преку учество на интернационални и национални конференции. хонорари за придонес во креирање на методологија за себепоттикнато учење. Исто ги покануваме и сите млади лица кои во периодот не се вклучени во формален образовен процес и се невработени да се приклучат во проектот за да добијат: вештини за како да се мотивираш да учиш на различни начини без некој да мора да те турка, вмрежување и учество на интернационален камп со уште 40 други млади од Естонија, Турција, Македонија и Малта, информации за твојот стил на учење и каде има можности да ги оствариш твоите кариерни и лични цели. Сите заинтересирани контактирајте не на info@cefe.mk Проектот е поддржан од Еразмус+ програмата на Европската Комисија, преку Естонската Национална Агенција за Европски Образвони Програми и Мобилности. The only person who is educated is the one who has learn how to learn…..and change – Carl Rogers

Проекти, Тековни проекти

Зајакнување на практикантите со претприемачки способности

Да ги поддржиме практикантите да влезат во претприемачките води. Ова е главната мисија на нов проект што ЦЕФЕ Македонија ќе го спроведува од февруари 2023 до октомври 2024 година.  Главната цел на проектот е да придонесе со новитети во стручното образование во Турција, Македонија и Естонија преку јакнење на меките вештини и претприемачкте компетенции на практикантите преку обуки, работилници, размена на добри практики меѓу државите како и изработка на нови едукативни материјали.  Главен координатор на проектот е МЕСВАК од Анкара, Турција. Фондација која преку 20 години ги поддржува претприемачите од стручните училишта за економски развој на Турција. Покрај ЦЕФЕ Македонија други партнери на проектот се Развојниот центар на Вору регионот од Естонија кои од 1999 година функционира како соработник на централната и локалната власт на Естонија за систематски развој, вклучително и поддршка на млади претприемачи во Естонија. Последниот партнер на проектот е Директоратот на Национална Едукација од Анкара (АДНЕ), кој е втора најголема институција за образование после министерството за образование на Турција која ги извршува сите активности во основното и средното образование (вклучително и стручното образвоание). Добивките за студентите се: подобрување и стекнување на меки вештини и претприемачки компетенции, учество на интернационални работилници, подобрување на јазичните способности, анализа и изработка на бизнис идеи, вмрежување со претприемачи, можност за финансирање на нивните идеи. Добивките за стручните училишта и нивните вработени се: развојна програма за градење на претприемачки способности кај практикантите и студенти, интернационално искуство на наставниот кадар, подобрување на едукаторските и обучувачки способности, вмрежување со институции, бизниси и органзиации од Европа, алатки за оценување на спосонбноста на учениците за претприемачки вештини и како да ги развиваат.  Ги покануваме стручните училишта и факултети кои сакаат да им овозможат на своите студенти интернационално и претприемачко искуство да не контактираат за соработка.  Од 10 до 13 март 2023, ЦЕФЕ Македонија ќе биде домаќин на првиот интернационален состанок каде што ќе се договорат натамошните активности, за кои што дополнително ќе ве известиме и ве покануваме да не следите. Проектот е кофинансиран од Еразмус + програмата и Турската Национална Агенција за Мобилност и Едукација.