Ресурси

Ресурси

Национален извештај за фамилијарни бизниси

Ви ги претставуваме наодите од истражувањата за: екосистемот во кој што растат и се развиваат фамилијарните бизниси во Македонија; потребите од вештини и надоградување на наследниците на фамилијарни бизниси во Македонија; Истражувањата беа спроведени во периодот мај-јули 2017 година од Наташа Чавдаровска и Симона Младеновска, експерти истражувачки од ЦЕФЕ Македонија и Националниот младински совет на Македонија. Сите активности околу истражувањето се во рамки на проектот ФАБУС https://www.fabuss-project.eu/ кој што е 24 месечен младински ЕРАЗМУС+ проект кој се стреми да помогне на младите поврзани во семеен бизнис да се оспособат за ефикасно наследување на бизнисот. Неговата целна група ја сочинуваат лица на возраст помеѓу 18 и 35 години кои сакаат да го преземат семејниот бизнис во извесен момент во иднината. Овие лица со аспирации за наследување имаат потеба од вештини и знаења за ефикасно развивање на бизнисот преку имплементирање на иновативни стратегии, вклучително и проширување на нивните пазари преку вмрежување и соработка со слични претпријатија во други земји.

Ресурси

Светски практики за поддршка и развој на претприемништвото

Ви го претставуваме истражувањето за успешни светски практики во развојот и поддршка на претприемништвото. Оваа брошура има за цел да ви даде идеи и знаења што функционира во светски рамки и да ве поттикне да превземете ваша локална иницијатива. Истражувањето и брошурата се креирани во рамки на проектот “Глобална размена и тренинг за развој на младински услуги за вработување”. This brochure takes the discussion of what constitutes successful local entrepreneurship support frameworks further and seeks to provide a gateway for further exchange of good practices on this topic. It presents a criteria list that has emerged from CEFE worldwide partner’s work on youth entrepreneurship, the academic debate and the work of practitioners. Its three dimensions are: opportunity creation, entrepreneurship education and start-up support.

Ресурси

Обука за Иновативни и неконвенционални модели на финансирање на МСП – видеа и материјали

„Иновацијата не е за да се најде што недостига на пазарот па да се воведе. Иновацијата е за креирање на пазар што дотогаш не постоел. Добрите претприемачи наоѓаат работи кои не се потребни. Работи за кои луѓето сеуште не знаат дека имаат потреба. Работи, за кои што треба да ги убедат луѓето дека им се потребни. Можете ли да се замислите себеси без лап-топ, телефон, кола, дури без електрична енергија? Ни една од овие работи не беше потребна во моментот на изнаоѓањето, но можеби светот ќе беше многу полошо место за живеење без нив“. Со овие зборови г-дин Сем Вакнин го маркираше својот говор на обуката за „Иновативни и несекојдневни модели за финансирање на мали и средни претпријатија (МСП). Обуката се одржа на 14.11.2015 година во просториите на Стопанска Комора во Скопје. Идејата за истата произлезе од барањата на нашите клиенти и соработници, како една од последователните активности на проектот „Инвестирај – зошто да одите во странство кога можете да останете и да ја развиете вашата земја“. Г-дин Сем Вакнин, презентира голем број на иновативни модели на финансирање а со тоа ни го отвори  видикот кон хоризонтот кој дотогаш малкумина знаеа дека постои, а уште помалку го гледаа. Листата на сите презентирани форми можете да ја погледнете на следниот линк: http://samvak.tripod.com/nm01.html Покрај г-дин Сем Вакнин, обуката ја отвори г-дин Зоран Витанов кој зборуваше за важноста од претприемништвото и креирањето претприемачи во Р.Македонија и за значајната работа на ЦЕФЕ Македонија на ова поле уште од 2008 година. Г-дин Јанко Тренкоски од КБ прво пензиско друштво, преку своето професионално искуство и личната кариера на еден интересен начин ни го долови значењето на овие форми на финансирање, особено значењето во почетните години на бизнисите. Г-ѓа Катарина Кречева од Фондот за иновации и технолошки развој, во една детална презентација ни ги претстави производите на овој фонд за поддршка на иновативни бизниси во Р.Мкедонија. Видеото од говорот на Сем Вакнин и останатите говорници може да ги најдете на следниот јутуб плејлист: [embedyt]https://www.youtube.com/playlist?list=PLL0JI8OUspNBpi2TJmgBsy4kpCfJ7MxBg[/embedyt] Голема благодарност до сите говорници за нивниот удел во оваа обука Се извинуваме за техничките проблеми и прекините во снимениот говор на г-дин Сем Вакнин.

Ресурси

Буклет на тема: Претворање на потребите на младите луѓе во акционен план за инклузивен раст на заедницата

Овај буклет е наменет како ресурс за учење за поддршка на неформалното образование за циклусот на Проектен Менаџмент (PCM) во рамката на младинска работа и развој на заедницата, со фокус на тоа како овај циклус може да биде искористен за експериментирање со неформалнотп образование и театарот. Линк до буклетот: Booklet_Turning Young People’s Needs