Изминати проекти

Изминати проекти, Проекти

„Форум за успешно наследување на семеен бизнис во Македонија“

Настан кој што ќе ве инспирира, мотивира и вмрежи! „Форум за успешно наследување на семеен бизнис во Македонија“ (Образовниот, јавниот и приватниот сектор заедно за иднината на семејните бизниси) Датум: 21 и 22 ноември 2019 Локација: Хотел Милениум, Битола Контакт: Јован Сталевски j.stalevski@cefe.mk и Оливера Ефтимовска olivera.e@cefe.mk Економските актери и креаторите на политики во Македонија постојано бараат решенија за да создадат нови работни места и да го стимулираат економскиот раст. За таа цел најпотребно е креирањето на нови и иновативни компании, но секако и поддршка и раст на постоечките традиционални бизниси. Во Македонија семејните бизниси заземаат речиси две третини од вкупната бројка на компании и имаат голем удел во бруто домашниот производ, како и во понудата на работни места. Од тука може да се каже дека се клучни за македонската економија. Главна одлика на семејните бизниси, доколку се добро менаџирани, е нивната долготрајност, флексибилност и најважно од се, пренесувањето на капиталот, трансферот на вештините, знаењето и вредностите од една на друга генерација. За таа цел, ЦЕФЕ Македонија, во соработка со институциите за поддршка на претприемачите, како и претставници на семејните бизниси, го организираат „Форумот за успешно наследување на семејните бизниси во Македонија“. Целта на форумот е да промовира и стимулира дијалог помеѓу младите наследници на семејни бизниси и креирачите на политики за развој на економијата во државата, да идентификуваат политики и активности кои што ќе го олеснат процесот на наследување на бизнисот како и негов раст и интернационализација. Модераторите и гостите говорници преку дискусија со основачи и наследници на семејните бизниси, ќе ви ги пренесат добрите практики кои им овозможиле континуиран раст и развој на нивните компании, предизвиците со кои тие се соочуваат, како и решенија кои се покажале како најефикасни за надминување на предизвиците, политиките и активностите за поддршка на семејните бизниси во Македонија. Преку оваа конференција сакаме да придонесеме кон: – идентификување на сегашните и идните актери во екосистемот за поддршка на семејните бизниси – разбирање и дефиниција на семејните бизниси и нивната важност за македонската економија – потенцирање на некои од бариерите за одржлив развој и наследување на семејните бизниси и како да ги решиме – идентификување на чекори што креирачите на политики можат да ги превземат за развој на семејните бизниси во државата – пронаоѓање на иновативни идеи за соработка меѓу актерите во системот, што би резултирало со развој, успешно наследување на семејните бизниси и нивна интернационализација – јакнење на младите наследници на бизниси со вештини за иницирање на дијалог и лобирање за креирање подобра клима за раст на семејниот бизнис Освен знаењето и практичното искуство кое ќе ви го пренесат нашите почитувани гости, дополнителна вредност на овој настан е што по завршувањето на официјалниот дел, предвиден е и коктел, каде во релаксирана атмосфера ќе имате можност да се запознаете и да се вмрежите со останатите претставници на семејните бизниси, како и претприемачи со кои би можеле да остварите понатамошна соработка и размена на искуства. Конференцијата е наменета за: Сопствениците на бизниси кои сакаат да им го предадат бизнисот на нивните наследници; Наследници кои имаат некакви вештини за водење и превземање на бизнисот; Оние на кои што родителите сакаат да им го предадат бизнисот, но не се во бизнисот и немаат основни вештини за водење и превземање на бизнис; претставници на институции кои го поддржуваат претприемништвото (финансиски институции, здруженија на граѓани, јавни институции за креирање на политики, лидери и претставници на бизнис инкубатори, акселератори, бизнис ангели, кредитни фондови). Млади, студенти, претприемачи Настанот ќе биде одржан на 21 и 22 ноември 2019 во Хотел Милениум, Битола, со времетраење од 09:00 до 18:00 часот. Бидејќи местата се ограничени на вкупно 60 учесници и гости, Ве молиме резервирајте го вашето место навреме со регистрација на следниов линк.

Изминати проекти, Проекти

Успешно реализирана “Обука на ментори за социјално претпиемништво“

Дали имате ментор во Вашиот живот и дали имате придобивки од нив? Менторот игра голема улога во Вашиот личен развој, па затоа менторот е неопходен во секоја активност. Менторирањето е начин на пренесување на знаење, па токму затоа покрај индивидуалците, голем број на компании имаат свои ментори. Поради таа цел, ЦЕФЕ Македонија реализираше уште една успешна обука, “Обука на ментори за социјално претпиемништво“, проект на Erasmus + програмата, која се одржа од 23 до 29 септември. Целта на оваа обука е да ги обучуваат социјалните бизниси во добивање вештини и компетиции како да ги менторираат младите луѓе кои што имаат идеја за социјален бизнис или социјална иновација. Покрај ЦЕФЕ Македонија во овој проект се вклучија и социјални претприемачи, професори од факултети, експерти кои што се дел од институции и организации кои ги поддржуваат претприемачите како и останати експерти дојдени од Турција, Азербеџан, Грција, македонија, Хрватска и Бугарија. Сите учесници го дадоа својот придонес преку разменување на различни искуства околу менторирањето на социјалните бизниси. Од особена важност за овој проект беше вмрежувањето со останатите организации кои ги поддржуваат овој тип на бизниси. Обучувачи на оваа обука беа Марија Аременски, која веќе врши менторирање на бизниси во рамки на проектот на UNDP и нашиот сетифициран ЦЕФЕ тренер Јован Сталевски кој исто така врши менторство на социјални бизниси. Како дополнителна вредност не беше само обуката во просториите на ЦЕФЕ Македонија, туку и вмрежувањето со повеќе актери кои што работат на поддршка на социјалните бизниси. Во склоп на оваа програма беше одржан Startup Grind настан каде што учесниците можеа да слушнат инсиративни приказни на Теодора Чижбановска и Олга Рајчиќ за нивната апликација Chellenger која го прочистува воздухот во Скопје и ги мотивира луѓето да бидат eco-friendly. Имавме прилика да ја слушнеме и приказната на Сара Рајабли од Азербејџан која што преку нејзиниот социјален бизнис им дава можност за самовработување на жените во Азербејџан и нивните производи да ги продаваат до луксузни хотели и кетеринг служби во Азербејџан. Третата приказна која што имавме можност да ја слушнеме е на Мартин и Радмила. Станува збор за претприемачи кои се со оштетување на слух и говор кои што нивната попреченост сакаат да ја претворат во своја можност и да започчнат бизнис со кафе бар кој ќе се вика О2 кој што ќе биде во центарот на Скопје и ќе биде поддржан од програмата на UNDP и АВРМ. Во склоп на оваа програма имавме и вмрежување во просториите на Seavus Accelerator во Скопје. Каде што директорката Весна Ивановска ја претстави програмата на Seavus и успеавме да дознаеме што им нуди на потенцијалните претприемачи и што значи менторството на таа поддршка. Во рамки на таа посета, пет апликанти од програма се претставија пред нашите учесници со нивните идеи. Секој кој што има одредена идеја за социјален бизнис, може да не контактира и ние да го поврземе со некој од нашите ментори во Македонија. Како што кажавме на почетокот целата оваа програма беше дел од проектот “Start it UP, Keep it UP” на Erasmus +.

Изминати проекти, Проекти

Искуствено Учење на Угнетените Групи, за Возрасни

Име на проектот: Искуствено Учење на Угнетените Групи за Возрасни Програма: Еразмус+ КА2: Стратешки партнерства  Имплементатор: ГЕГЕТ, Турција Партнери: ЦЕФЕ-Македонија во соработка со 4 партнерски организации од Бугарија, Италија, Грција и Турција. Временска рамка: Декември 2017-Декември 2019 Опис на Проектот: Милиони луѓе се принудени да ги напуштат своите домови и да бараат засолниште од конфликти, насилство, прогон или природни катастрофи во нивните земји. Мнозинството од денешните бегалци живеат во земјите во развој, што значи дека тие бегаат во земји кои се борат со сиромаштијата и напорната работа во сопственото општество. Протокот на миграција влијае на транзитните земји, како што се Турција, Грција, Македонија и Италија. Турција е земја домаќин на најмногу бегалци во светот, со повеќе од 3 милиони бегалци. ЕУ и Турција обезбедуваат засолниште, храна, хигиена, пријатни детски простори, помош за повторно обединување на семејството бегалци преку владини организации. Исто така, им се обезбедува  и образование, но нивната социјална интеграција обично зависи од достапноста на помошта што ја обезбедуваат локалните невладини организации и меѓународните организации. Од оваа перспектива, поради нивото на капацитет на невладините организации, недостига координација, квалитет, опрема, алатки и методологии за обезбедување образование особено за возрасните бегалци. Иновативниот дел од овој проект е методолошки пристап за образование на возрасни. Во принцип, тоа е комбинација на две важни теории: „Теорија на Искуствено Учење“од Дејвид А. Колб и „Педагогија на Угнетените“ од Паоло Фрере. Дејвид А. Колб – Американски научник – кој развива циклус на искуствено учење кој е признаен од глобалните институции како УНЕСКО, Европската комисија и Советот на Европа, тврди дека луѓето учат од нивните искуства. Теоријата за искуствено учење на Колб се состои од циклус на учење од четири фази: доживување, рефлектирање, размислување и дејствување. Искуственото учење е методологија која вклучува игри за учење и симулативни игри каде што учесниците го развиваат своето чувство на емпатија со доживување на емоционален процес во играта. Другата теорија на која нашиот проект е заснован е „Педагогијата на Угнетените“ што генерира методологија за локализирање на искуствените алатки за учење. Паоло Фрере, бразилски просветител и филозоф е најпознат токму по неговото најважно дело „Педагогија на Угнетените“, која се смета за еден од основните текстови на критичкото педагошко движење. Според Фрере, образовната програма треба да ги земе предвид реалностите и позадината на луѓето. Едукаторите треба да започнат дијалог со учесниците, со цел да го откријат вистинскиот свет на учесниците вклучени во самата едукација, да ги увидат нивните разбирања, вредности и реални проблеми. Проектот ќе ги развие капацитетите на невладините организации, а тоа ќе го постигне со обука на возрасни. Обучувачите не само што ќе развијат искуствено учење, методологија за клучните компетенции за возрасни бегалци, туку тоа тоа ќе го стори СО возрасни бегалци кои ќе бидат вклучени во целиот процес. Учеството ќе биде главната методологија на самиот проект. Проектот има посебна додадена вредност во полето на европското неформално образование, бидејќи претставува комбинирање на методологијата на искуствено учење и педагогијата на угнетените групи. Оваа иновативна активност ќе креира нова методологија за локализирање на алатките за искуствено учење, а воедно, ќе ги користи и за едукација и интеграција на бегалците. Очекувани резултати: Создавање на нов методолошки пристап „Искуствената Педагогија на Угнетените“, комбинација на „Искуствената Теорија за Учење“ на Дејвид А. Колб и „Педагогијата на Угнетените“ на Пауло Фреире, која ќе биде создадена за потребите на возрасните бегалци. 40 Едукатори за возрасни кои ќе учествуваат во активностите за обука и учење ќе се здобијат со нови способности и вештини во областа на образованието за возрасни со што ќе можат попрофесионално да работат со возрасните бегалци. Ќе биде креиран и објавен сет од алатки кој ќе можат да го користат партнерите, но и сите останати здруженија кои работат со оваа или слична проблематика. Ќе биде изготвен прирачник кој ќе биде доставен на десетици невладини организации во секоја од партнерските земји. При локалната имплементација на проектот, 4 тимови за обука од секоја партнерска организација, ќе ги применат новите вештини за група од 15 возрасни учесници, што значи 300 возрасни лица во вкупно во 5 земји. Ќе бидат одржани 5 конференции на кои 270 луѓе од областа на образованието за возрасни ќе бидат известени за проектот и неговите резултати и ќе ги испробаат алатките на „Саемот за Алатки“.

Вести, Изминати проекти, Проекти

12. Entrepreneurial education for youth project

Project name: Entrepreneurial education for youth Programme: Erasmus+ The project period: 1st February 2017 – 31 January 2019 Project description: The project will create non-formal activities for 60 youths, 20 from Macedonia, 20 from Romania and 20 from Greece in order to equip them with transversal competences, entrepreneurship competences. The project activities will offer the 60 youth the needed knowledge in order to become an entrepreneur. The non-formal activities will create a space for the youth to develop their own business plan with the help of professionals: 4 entrepreneur, 2 business advisers, an accountant, an attorney, product/ service experts, depending on the main field of developed ideas of the youths and 2 financial institutions in 9 workshops. This activities will ensure the needed time for the 60 youths in order to develop entrepreneurial competences and to understand what mean to be entrepreneur, how an entrepreneur plan and react in different situation. Then they will simulate the start-up of the enterprise and they will gain competences for a dynamic entrepreneur and they will simulate the hiring, identifying partners, suppliers how to develop the product/ service. The activity will develop for the 60 youth the practical entrepreneurship competences, to experience and to gain experience on what entrepreneur means. The project will create a space for the 60 youth to develop entrepreneurship competences in a long life learning perspective and to meet professionals from business sector to keep the youth updated and to transfer their knowledge regarding organisational management, logistics, financial management and human, production/ services and human resource management. The database will function as a space for youth in order to develop their entrepreneurship competences in an intercultural context that deals with European trends. The 3 organisations will develop practice in order to develop the entrepreneurship competences for youth. They will create a new programme based on the results, feedback, new needs and new ideas identified during the implementation the 2 partners will in order to create a new ways to distribute the information regarding the entrepreneurship education among young people. The organisation will create also intellectual outputs in order to support entrepreneurship among young people. The online courses will teach the youth the most important aspects regarding the entrepreneurship. The entrepreneurship magazine will offer youth a practical perspective of the entrepreneurships and social entrepreneurship, trends and examples, tips and tricks. The 3 organisations will develop an entrepreneurship computer programme in order to facilitate the youth to put ideas into practice, the programme will guide the youth and will help them to create a business plan, to create different scenarios and to start the enterprise. The project will develop an organisation network that will support the development of entrepreneurship competences for youth, and that support the interaction between business sector and youth. The project is anchored in the international system of human rights: promoting gender equality between the participants, taking account of the youth needs, aspirations, interests and attitudes in the process of making the intellectual outputs and improved dialogue and exchange of knowledge and expertise. For more information follow our Web and Facebook pages.

Вести, Изминати проекти, Проекти

12. Проект за претприемачко знаење кај младите

Име на проектот:претприемачко знаење кај младите Програма:Еразмус+ Временска рамка:1-ви февруари 2017 – 31-ви јануари 2019 Опис на проектот: Проектот ќе понуди неформални активности на 60 млади – 20 од Македонија, 20 од Романија и 20 од Грција, со цел развивање на трансферзални и претприемачки вештини. Со активностите од проектот, на 60-те млади ќе им се понуди потребното знаење за да станат претприемачи. Неформалните активности ќе креираат простор во којшто младите, преку 9 работилници, ќе ги развиваат сопствените бизнис планови потпомогнати од професионалци и 2 финансиски институции. Во зависност од темите коишто преовладуваат низ младинските идеи, помагачи ќе бидат: 4 претприемачи, 2 бизис советници, сметководител, адвокат и експерти за производство/услуги. Овие активности ќе го обезбедат потребното време за 60-те млади да развијат претприемачки вештини и да разберат што значи да се биде претприемач и како тој планира и реагира во различни ситуации. Потоа, тие ќе го симулираат стартап бизнисот и ќе се здобијат со вештини на динамичен претприемач и ќе го симулираат вработувањето, пронаоѓањето партнери, добавувачи и процесот на развивање на производот/услугата. Со оваа активност, 60-те млади ќе развијат практични претприемачки вештини со тоа што ќе искусат што значи да се биде претприемач. Проектот ќе креира простор во којшто 60-те млади ќе ги развиваат постојано претприемачките способности и ќе се запознаат со професионалци од бизнис-секторот, коишто ќе ги информираат за новостите и ќе им го пренесат своето знаењето во однос на организациски менаџмент, логистика, финансиски менаџмент, производство/услуги и менаџмент на човекови ресурси. Базата на податоци ќе служи како простор во којшто младите ќе ги развиваат претприемачките вештини во еден интеркултурален контекст адекватен на европските трендови. Трите организации практично ќе ги развиваат младинските претприемачки вештини. Врз основа на резултатите, повратната информација, новите потреби и добиените нови идеи за време на спроведувањето, тие ќе создадат нова програма за да креираат нови начини на пренесување на информациите во однос на претприемачкото знаење помеѓу младите. Организацијата исто така ќе го подржи претприемништвото кај младите преку интелектуални аутпути. Интернет курсевите ќе ги научат младите на најважните аспекти од претприемништвото. Претприемачкото списание ќе им понуди на младите практичен поглед врз претприемништвата и социјалното претприемништво, трендови и примери, совети и трикови. Трите организации ќе развијат компјутерска програма за претприемништво за да ѝ олеснат на младината да ги оствари своите идеи. Програмата ќе ги води младите и ќе им помогне да направат бизнис-план, да креираат различни ситуации и да започнат бизнис. Проектот ќе создаде организациска мрежа која ќе поддржува развој на претприемачките вештини кај младите и интеракција помеѓу бизнис-секторот и младите. Проектот се темели врз интенационалниот систем на човекови права – промовирање родова еднаквост помеѓу учесниците, земајќи ги предвид потребите, стремежите, интересите и однесувањата на младите за време на процесот на создавање интелектуални аутпути, подобрен дијалог и размена на знаење и стручност. За повеќе информации околу проектот следете ја нашата Интернет и facebook страница

Вести, Изминати проекти, Проекти

11. Дијалог меѓу младите луѓе и креаторите на политики

Големиот број на невработени млади во Република Македонија им ја наметна можноста на самовработување, односно младите да станат креатори на работни места, а не само побарувачи. Но колку младите се свесни за бенефитите од самовработувањето и од водењето сопствен бизнис? И што прават локалните власти за да ја искористат оваа предност за јакнење на своите економии? ЦЕФЕ Македонија со новиот проект работи токму на одговор на овие прашања, како и нивна подлабока анализа кон креирање на мрежа на соработка помеѓу младите и креаторите на младински политики во републиката. Проектот е одобрен од Националната Агенција на Макеоднија  преку програмата Еразмус +, КА3. Во рамките на овој проект ќе се одговори на клучните прашања на оваа тема, преку изготвување на истражување помеѓу младите луѓе во републиката и локалните власти.  Резултатите од истражувањето ќе бидат објавени во студија која ќе биде насока за локалните власти за потребите на младите и како да се искористат за јакнење на економската и бизнис средината во државата. Главна цел на проектот е да се поттикне дијалог помеѓу младите и локалните власти, активно вклучување на младите во пазарот на труд, претприемачките и бизнис активностите. Да се дополнат политиките за млади на локално и регинално ниво, како и развој на локални партнерства. За исполнување на овие цели дефинирани се неколку активности: Истражување и студија за однесувањето и мислењето на младите за партнерство со локалните власти Студија на најдобри практики за поддршка и промоција на младинско претприемништво Анализа и дисеминација на резултатите од истражувањето Дводневна дискусија на тема „Улогата на локалните власти во поддршката на младинското претприемништво како водечка алатка за подобрување на бизнис средината, економскиот развој и вработувањата.“ Беше изготвен ИЗВЕШТАЈ од спроведеното истражување (таргет групи – млади претприемачи и институции), а истражувањето го изврши Проф. д-р Снежана Мојсовска Саламовска Во рамките на Еразмус + проектот “Дијалог меѓу младите и креаторите на политики“, кој што се спроведува од страна на ЦЕФЕ Македонија, реализирано е истражување според следните претходно добиени насоки и препораки : Истражувањето  треба да се спреведе на две целни групи и тоа: Првата група: Млади од 18 – 30 години. Кај оваа група респонденти,  истражувањето треба да даде одговор на следните основни прашања: Каква е навиката кај младите за започнивање на сопствен бизнис? Дали ја знаат работата на локалните власти и дали би побарале нивна помош за развивање на својот бизнис? Дали имаат информација за некоја посебна мерка или политика на локалната власт за промовирање на претприемништвото? Втора група: Локални власти и креатори на политики, планирани минимум 60 испитаници. Кај оваа група респонденти,  истражувањето треба да даде одговор на следните основни прашања: Дали имаат развиено таргетирани стратегиски документи, политики или мерки за промоција и поддршка на младинското претприемништво? Дали имаат воспоставено мрежа на соработка и развој на локален потенцијал за стимулирање на креирањето бизниси, размена на информации и научно знаење и иновации? Според договорот, прибирањето на податоци беше реализирано со примена на методот на испитување со претходно дизајнирани прашалници, наменети за испитување по електронски пат, но со можност да се искористат и на ковенционален начин, за реализација на лично интервју со определени респонденти кои што од објективни причини не се во можност да ги одговорат прашалниците по електронски пат. Така, во првата фаза на истражувањето, најпрво беа дизајнирани структурирани прашалници за двете предвидени групи на респонденти, и тоа: Прашалник за млади претприемачи (прилог бр. 1) и Прашалник за институции и креатори на политики (прилог бр. 2) Прашалниците беа изработени и спроведени во електронска и печатена форма.  Најголем дел од респондентите беа интервјуирани по електронски пат, и тоа преку Е-маил, преку поставување на прашалникот на социјалните мрежи итн. Обработката на податоците беше извршена со примена на cloud  апликации, а анализата и интерпретацијата на добиените резултати е презентирана во натамошните делови на овој извештај, за секоја целна група поединечно, и секако, на крајот се презентирани и компаративни и сумарни заклучоци. Во рамките на проектот: „Дијалог меѓу младите луѓе и креаторите на политики“, финансиран од страна на Националната агенција за европски образовни програми и мобилности, на 27-28.10.2016 година во хотел Епинал, Битола се одржа дводневна конференција на тема: „Улогата на локалните власти во поддршка на младинското претприемништво како алатка за економски развој и вработување“. Заклучоците ги сумира Проф. д-р Моника Марковска Генералната цел на конференцијата беше подобрување на дијалогот, комуникацијата и соработката меѓу локалните власти и јавниот сектор и младите луѓе во функција на пронаоѓање конкретни и применливи решенија кои ќе го стимулираат и поддржат младинското претприемништво. Конференцијата се реализираше во рамките на два дена, со целодневни активности. Истата беше структуирана во: отворање на конференцијата, презентација на добиените резултати од истражувањето, пет Панел – дискусии, затворање и оценка на конференцијата. Секој од панелите вклучуваше говорници-панелисти, претставници од јавниот, приватниот и непрофитниот сектор каде што беа претставници различни искуства, можности, начини на вработување, политики, мерки и напори кои се однесуваат на младинското претприемништво. Во рамките на секој панел се разви продуктивна дискусија која овозможи информирање и до- информирање на младите луѓе што ја зголеми заинтересираноста на младите за претприемништвото, предизвиците, бенефициите и ризиците од истото. Панелите(1,2,3) вклучуваа гости – панелисти, претставници од НВО секторот (ЦЕФФЕ, Open the window, LEAD, Волвокс), Технолошкиот парк – Тетово, Универзитетот „Св. Климент Охридски- Битола (Технички факултет, Факултет за информатички и комуникациски технологии), Бизнис Академија Смилевски, Агенција за  вработување на Р. Македонија, Агенција за поттикнување и развој на земјоделието. Панелите (4,5) имаа за цел работа во мали групи за изработување и презентација на конкретни предлози за препораки, политики и мерки во насока на подобрување на дијалогот меѓу младите и јавниот сектор.