Вести

Вести

Работна средба во ОУРЦ „Д-р Златан Сремец“ за финансиска едукација

На 18 август 2025, претставникот на ЦЕФЕ Македонија, Јован Сталевски, оствари работна средба со Марија Делетиќ – директорка на ОУРЦ „Д-р Златан Сремец“ во Скопје. На средбата се разговараше за можностите за соработка во рамки на проектот Beyond Digits, кој промовира финансиска писменост за лица со интелектуални и развојни попречености (DD/ID). 👩‍🏫 Програмите што ги развива проектот се наменети за: наставници, образовни асистенти, родители, едукатори и обучувачи кои работат со лица со попреченост. ОУРЦ „Д-р Златан Сремец“ како регионален ресурсен центар со над 70 едукатори и повеќе од 400 образовни асистенти, претставува клучна институција што може да придонесе кон унапредување на финансиската едукација и за вработените и за учениците. 📍 Во септември, партнерите од проектот ќе го посетат училиштето за да ја зајакнат соработката.📅 А веќе на 10 октомври 2025, ќе се одржи промотивен настан во Скопје каде сите заинтересирани наставници, едукатори и организации ќе имаат можност да се запознаат со алатките и материјалите од проектот. 🤝 Очекуваме заедничка работа и размена на искуства – со цел подобра финансиска иднина за сите!

Вести

Како да ја користиме технологијата на корисен начин

Од 27 јули до 4 август, претставници од CEFE Македонија учествуваа на незаборавна Еразмус+ младинска размена заедно со млади од Естонија, и Малта. Настанот се одржа во недопрената природа на Ваксна, Естонија.  Импресиите на учесниците, како и неколку фотографии, ги споделуваме со вас:  „Проектот ни помогна да го преиспитаме начинот на кој ја користиме технологијата, не како губење време, туку како алатка за раст, фокус и вистинска конекција. 🌿 Шетавме низ природа, 💡 Размислувавме за нашите навики, 📈 Си поставувавме лични цели 🎯 Научивме како да ги следиме чекор по чекор.“  „Неколку моменти што ни оставија впечаток беа:  ✅ The Goal Game Plan – визуелен начин на поставување цели  ✅ Problem Solving Hackathon – креативен предизвик за решавање на секојдневни проблеми поврзани со начинот на кој ја користиме технологијата  ✅ Отворени разговори за дигитални навики, ментално здравје и личен развој  ✅ Културна вечер, сауна, езеро и вечери под ѕвезди“.   „Цела недела овде, немаше за цел само да поминуваме помалку време со технологија, туку како да ја користиме технологијата на паметен начин. Голема благодарност до сите фасилитатори, партнери и домаќини за создавање топла, сигурна и инспиративна атмосфера“.

Вести

Меѓународна обука за претприемништво и сертифицирање на нови ЦЕФЕ обучувачи во Хрватска

Во рамки на програмата Еразмус+, успешно се реализираше меѓународна обука за лица кои работат со млади, посветена на темата „Претприемништвото како клучна алатка за јакнење на младите“. ЦЕФЕ Македонија учествуваше на обуката со тројца претставници, вклучувајќи и мастер ЦЕФЕ обучувач кој беше ментор за меѓународна сертификација на обучувачките Сања и Ирена од ПРOНИ Центар за социјално подучување. Мрежата на ЦЕФЕ обучувачи се шири и во Хрватска, и ние сме особено горди што оваа соработка продолжува понатаму преку зајакнување на капацитетите и на други организации. Во рамки на проектот, учесниците од Македонија изработија видео и инфографик со научените лекции и теми од обуката во Пировац, кои ги споделуваме преку нашите комуникациски канали со цел и другите организации да се запознаат со тоа како овие модули можат да им помогнат во градење на капацитети за претприемништво – како алатка за оснажување на младите. Седумдневната обука им понуди на учесниците можност преку интерактивни работилници, групна работа и симулации, да се запознаат подлабоко со концептот на општествено претприемништво и развој на бизнис идеи кои имаат позитивно влијание во заедницата. Обуката собра учесници од седум различни земји: Турција, Македонија, Србија, Чешка, Литванија, Унгарија и Хрватска. Таа претставуваше извонредна можност за вмрежување, размена на искуства и практики од работата со млади, но и за развој на нови иницијативи и партнерства. Еден од значајните сегменти на обуката беа интеркултурните вечери, на кои секоја земја се претстави преку квизови, традиционални танци, презентации и дегустација на традиционална храна, создавајќи пријателска атмосфера и меѓусебно почитување. По завршувањето на обуката, учесниците се подготвуваат да спроведат активности на локално ниво, со цел да го пренесат стекнатото знаење на своите колеги, но и да вклучат млади во практична примена на алатките и пристапите кои ги усвоија во текот на тренингот. Оваа активност е дел од Еразмус+ акредитацијата на ПРOНИ Центар за социјално подучување, а е кофинансирана од Европската Унија.

Вести

Влијанието на ЦЕФЕ Македонија: Резултати, приказни и идни визии

Во 2024 година, ЦЕФЕ Македонија спроведе сеопфатна анализа за да го измери вистинското влијание од својата работа во изминатата деценија (2014–2024). Истражувањето опфати учесници, соработници, ментори и обучувачи, а резултатите се јасен доказ за трансформацијата што ја поттикнуваме во претприемништвото и професионалниот развој во Македонија. Клучни резултати од 10 години работа Овие бројки се само дел од приказната – зад нив стојат луѓе, нови бизниси, растечки заедници и инспиративни кариери. Влијание врз учесниците и бизнисите Во делот на бизнисот: Во однос на вработеноста: Длабински ефекти и препознатливост Што бараат учесниците? Истражувањето покажа дека најголем интерес има за обуки во: Влијание врз соработниците и методологијата ЦЕФЕ Македонија не е само едукативна платформа – тоа е заедница на луѓе кои споделуваат вредности, знаење и визија за претприемачко општество. Нашите обучувачи, ментори и проектни партнери се клучни двигатели на оваа мисија. Посебно сме горди што токму оваа година ЦЕФЕ Македонија го прославува својот 17-ти роденден – уште еден доказ за нашата долгорочна посветеност, стабилност и влијание во развојот на претприемништвото и економијата во земјата. Ви благодариме што сте дел од нашата приказна и заеднички ги поставуваме темелите за уште поголеми успеси во годините што доаѓаат. Целиот извештај за оцена на влијанието на активностите на ЦЕФЕ Македонија за периодот од 1014 до 2024, можете да го погледнете на следниот линк.

Вести

Проект Beyond Digits – Финансиска едукација за лица со попреченост

Проектот Beyond Digits, започнат во октомври 2024 година, има за цел да ја унапреди финансиската писменост кај возрасни лица со попреченост, овозможувајќи им поголема независност, благосостојба и социјална инклузија. Во тек е првата четвртина од неговата реализација, а досегашната работа веќе покажува значајни резултати. 🔍 Во јануари 2025, партнерите спроведоа истражување за финансиските потреби, празнини во знаењата и предизвиците со кои се соочуваат возрасни невродивергентни лица, како и професионалците кои работат со нив. Истражувањето опфати 19 лица со интелектуални и развојни попречености (на возраст од 18 до 50 години) и 15 едукатори и стручњаци. Наодите укажуваат дека: 👥 Од друга страна, професионалците се соочуваат со недостиг на време, ресурси и соодветна обука. Предложените решенија вклучуваат развој на структурирани програми, соработка со семејствата и изработка на визуелни и интерактивни едукативни материјали. 📲 Beyond Digits ќе развие сеопфатен Прирачник и Обука, вклучувајќи: Во моментов е во тек изработката на курикулумот за обука и пратечките тренинг материјали, кои ги изготвуваат ЦЕФЕ Македонија заедно со партнерите од Малта. Завршницата на овие резултати се очекува во јули 2025. Во септември 2025, ЦЕФЕ Македонија ќе биде домаќин на експертски состанок во рамки на проектот, каде ќе се мониторира досегашната работа и ќе се планираат следните активности за 2026 година. Исто така, во ноември 2025 ќе организираме јавен настан за промоција на резултатите и информирање за можностите за вклучување во проектот. Ги покануваме: 📩 За повеќе информации, следете нè на нашите комуникациски канали или контактирајте не на info@cefe.mk.➡️ За повеќе информации за Beyond Digits, кликнете тука https://www.beyonddigits.eu/

Вести

Беналмадена е домаќин на „Inspire & Impact“ – Еразмус+ активност за градење партнерства за јакнење на претприемачките заедници низ Европа

Беналмадена, Шпанија, 26 мај 2025Лидери на организации кои работат со младинско претприемништво од 12 земји се собраа во Беналмадена на настанот Inspire & Impact, петдневна активност за градење партнерства (Partnership-Building Activity – PBA), координирана од локалната невладина организација Costa Connect Asociación. Настанот, кој се одржа од 19 до 24 мај 2025 година, имаше за цел да поттикне меѓународна соработка во областа на претприемничкото образование за млади во оддалечени и рурални подрачја низ Европа. Финансиран од програмата Еразмус+, овој PBA обезбеди стратешка платформа за лидери на невладини организации, проектни менаџери и младински работници за споделување експертиза, идентификување заеднички предизвици и ко-дизајнирање нови проекти што ќе ја зајакнат следната генерација претприемачки млади низ Европа. Клучните цели на Inspire & Impact беа: „Како новоформирана асоцијација која работи на промоција на младинското претприемништво во Беналмадена Пуебло, домаќинството на 12 сродни организации од цела Европа беше голем чекор за нас. Ова ни овозможи не само да ги споделиме локалните предизвици, туку и да истражиме решенија, да размениме стратегии и да изградиме вистински партнерства за идната меѓународна соработка,“ изјави Инна Тагирова, претседателка на Costa Connect Association (Шпанија). Учесниците беа вклучени во интерактивни работилници, симулации и сесии за заедничко планирање, дизајнирани да поттикнат значајни дијалози и практични резултати. Особено се истакнаа сесиите водени од самите учесници, како „Производ или маркетинг?“ и „Дали вашата околина поддржува бизнис?“, кои им помогнаа на организациите да размислат како да го усогласат својот импакт со видливоста и да изградат поефикасни екосистеми за младинско претприемништво. Програмата се прошири и надвор од просториите за обука. Учесниците го посетија Беналмадена Пуебло, каде се сретнаа со локални претприемачи за да разговараат за нивните потреби, предизвици и можности. Оваа директна размена понуди вреден увид во реалноста на водење бизнис во оддалечени области – што беше и клучен фокус на проектот. За да се продлабочи врската со локалната заедница, групата ги посети и најзначајните локални знаменитости, како што се замокот Колома рес, Паркот Ла Палома, замокот Ел-Бил-Бил и живописната Пуерто Марина. Овие посети им овозможија на учесниците да се запознаат со културното наследство и секојдневниот живот на градот, поттикнувајќи ентузијазам за идни соработки. Во текот на сите активности, учесниците изразија силна желба да продолжат со градење на соработката меѓу нивните организации, земји и низ цела Европа, претворајќи ја оваа краткорочна активност во основа за долгорочни партнерства. „Со повеќе од две децении искуство во европската соработка, имав привилегија да работам со многу европски претприемачки организации, од Азорските острови до планините на Норвешка. Моја страст и мисија е да создадам платформа каде организациите ќе се поврзат, ќе се ангажираат и инспирираат. Она што го направи Inspire & Impact во Беналмадена толку посебен беше енергијата во просторијата – организации кои не сакаа само да разменуваат идеи, туку да изградат трајни врски. Мојата улога е да ги менторирам овие тимови со слична визија, помагајќи им да ги претворат заедничките идеи во конкретни, влијателни проекти,“ изјави Ана Вебстер, фасилитаторка од Life Zone Group (Естонија). Изјави од учесниците, забележани во специјална подкаст епизода снимана на лице место, ја одразуваат атмосферата на настанот: Земји и организации учеснички на настанот: