Вести

Вести

Повик за учество на тренинг

Користењето на ИКТ за подобрување на доживотното учење Име на проектот: Онлајн портфолио – Користењето на ИКТ за употреба и подобрување на доживотното учење Програма: Еразмус+ КА1:  Мобилност на младинските работници Организатор: K.A.NE Социјален младински развој (www.ngokane.org) Партнери: ЦЕФЕ-Македонија заедно со други младински организации од 28 држави-членки на Европската Унија вклучувајќи ги и Исланд, Линхенштајн, Норвешка и Турција. Наменето за: членови на младински организации, младински центри, вработени во органи коишто работат со млади, социјални работници и волонтери во младински организации Краен рок за пријавување: 10 Март 2017 Временска рамка на обуката: 17.04.2017-23.04.2017 Место на одржување на обуката: Каламата, Грција Проектот е финансиран од Еразмус+  lump sums-фондови. Опис на проектот: „Општата цел на портфолијата е да се создаде чувство на сопственост врз личните достигнувања, затоа што сопственоста создава чувства на гордост, одговорност и посветеност.“ – Paris & Ayres. (1994). Цели на проектот Да се истражи употребата на онлајн портфолијата како средство за запишување, потврдување и презентирање на вештините и способностите стекнати преку неформалното образование и доживотно учење Да се истражи како новите технологии играат улога во зајакнувањето на можностите за вработување на младите. Да се размислува за употребата на онлајн-портфолијата како алатка за потребните вештини и способности коишто се барани на пазарот на труд и коишто се развиени преку доживотното учење На учесниците да им се покажат начините на креирање онлајн-портфолија, со цел да имаат можност да ги прикажат истите на младите соработници Да им се помогне на учесниците поефикасно да ја користат технологијата, компјутерите и мултимедијалните апликации како алатки за да се поттикне и да се зајакне позицијата на младите со намалени можности на пазарот на труд. Да се споделат знаења за Еразмус+ програмата и да се создаде мрежа за развој на заеднички проекти во блиска иднина. На овој тренинг, Цефе Македонија како партнер организација ќе испрати два учесници од Македонија. Пополнeтиот формулар за пријавување испратете го на Info@cefe.mk или на elena.g@cefe.mk  најдоцна до 10 Март 2017. Агендата на обуката погледнете ја на следниот линк  

Вести, Изминати проекти, Проекти

Unique training in Italy!

Ha Ha Ha…for health, learning and well being   A TEMPTING TRAINING COURSE FOR YOUTH WORKERS AND YOUTH LEADERS 24th–31 March 2017, TRAMONTI (AMALFI COAST), ITALY   Application deadline: Sunday, February 5   Project name: “Ha Ha Ha…for health, learning and well being” Program: Erasmus+ Dates: 24.03. 2017- 31.03.2017 Venue of the training course: TRAMONTI (AMALFI COAST), ITALY Addressed to: youth workers, youth leaders, managers of NGO  and project co-coordinators of educational projects, who are active in young organizations and experienced in the non formal education for the young people.Of course we are also looking for people who is looking forward to laugh a lot.   If you think we are talking about you, then you shouldn’t miss this opportunity!   Project description: Our training course “Ha Ha Ha…for health, learning and wellbeing” was created with the desire to explore this topic and to acquire new pedagogical skills, bringing together 26 youth workers delegated by 13 organizations from different countries of Central and Eastern Europe as well as Mediterranean region and  Caucasus. The participants get the opportunity to be involved, with a view to acquire competencies & skills about the pedagogical aspect of laughter, so that they can practice this sort of activities with young people in the future. In the course of the training in question the participants are going to think up, to develop new skills about laughter without reason, and innovative methods for using this activity in non formal education. They will organize educational workshops on unconditional laughter, for the benefit of the young people and the various categories of the local public. More info you can find in the following link. In order to apply, you have to fill the application form in attached and send it to pistes_solidaires@yahoo.gr by Sunday, 5th February the very latest.

Вести, Изминати проекти, Проекти

10. Уникатен тренинг во Италија!

ХА ХА ХА- за учење, здравје и благосостојба Примамлива обука за младински работници и млади лидери 24 – 31 Март 2017 ТРАМОНТИ, Италија Краен рок за пријавување: Недела, 5 Февруари 2017 Име на проектот: ХА ХА ХА за учење, здравје и благосостојба Програма: Еразмус+ Временска рамка: 24-31 Март 2017 Локација на обуката:  Трамонти, Италија Наменето за: Младински работници, младински лидери, менаџери на младински организации, проект-координатори на образовни проекти, како и оние коишто се искусни во неформалното образование на младите. Секако и за оние очекуваат многу смеа. ЦЕФЕ Македонија на оваа обука ќе испрати два учесници. Доколку сметате дека оваа обука е токму за вас, не пропуштајте ја оваа можност! Опис на проектот: Обуката ХА ХА ХА за учење, здравје и благосостојба е креирана со единствена цел да ја истражи оваа тема и да се развијат нови педагошки вештини и тоа преку здружување на 26 младински работници делегирани од 13 младински организации од различни држави од Централна и Источна Европа, како и Медитиранскиот и Кавкаскиот регион.  Учесниците ќе имаат можност да бидат вклучени во работилници кои ќе имаат со цел да стекнат и развијат компетентости и вештини за педагошкиот аспект на смеењето, и тоа за во иднина да можат овој аспект да го практикуваат работејќи со младите. Во текот на оваа обука присутните ќе смислуваат и развиваат вештини за смеење без причина, како и иновативни методи за нивна имплементација во текот на неформалното учење. Учесниците исто така ќе организираат едукативни работилници за безусловна смеа кои ќе бидат од корист како за младите така и за различните категории од локалната јавност. Повеќе информации ќе најдете на следниот линк   ПОПОЛНЕТИТИОТ ФОРМУЛАР ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ ИСПРАТЕТЕ ГО НА pistes_solidaires@yahoo.gr НАЈДОЦНА ДО НЕДЕЛА, 5 ФЕВРУАРИ 2017

Вести, Изминати проекти, Проекти

9. Користењето на ИКТ за подобрување на доживотното учење

Име на проектот: Онлајн портфолио – Користењето на ИКТ за употреба и подобрување на доживотното учење Програма: Еразмус+ КА1:  Мобилност на младинските работници Организација: K.A.NE Социјален младински развој (www.ngokane.org) Партнери: ЦЕФЕ-Македонија заедно со други младински организации од 28 Држави-членки на Европската Унија вклучувајќи ги и Исланд, Линхенштајн, Норвешка и Турција. Временска рамка: 17.04.2017-23.04.2017 Место на одржување на обуката: Каламата, Грција Проектот е финансиран од Еразмус+  lump sums фондови. Опис на проектот: „Општата цел на портфолијата е да се создаде чувство на сопственост врз личните достигнувања затоа што сопственоста создава чувства на гордост, одговорност и посветеност.“ – Paris & Ayres. (1994). Цели на проектот Да се истражи употребата на онлајн портфолијата како средство за запишување, потврдување и презентирање на вештините и способностите стекнати преку не-формалното образование и доживотно учење Да се истражи како новите технологии уграат улога во зајакнувањето на можностите за младинското вработување Да се размислува за употребата на онлајн-портфолијата како алатка за потребните вештини и способности коишто се барани на пазарот на трудот и коишто се развиени преку доживотното учење На учесниците да им се покажат начините на креирање на онлајн-портфолија, за тие да имаат можност да ги прикажат истите на младите соработници Да им се помогне на учесниците поефикасно да ја користат технологијата,на пример компјутерите и мултимедијата како алатки за да се поттикне и да се зајакне позицијата на пазарот на трудот на младите со намалени можности. Да се споделат знаења за Еразмус+ програмата и да се создаде мрежа за развој на заеднички проекти во блиска иднина. На овој тренинг Цефе Македонија како партнер организација ќе испрати два учесници од Македонија.      Повикот за учесници на тренингот ќе биде објавен на нашата WEB-страна. Затоа не     заборавајте да ги следите нашите ажурирања.

Вести, Изминати проекти, Проекти

8. Семејни бизниси и нивно успешно наследување

Име на проектот: FAmily BUsiness Successful Succession Програма: Еразмус+ КА2: Стратешки партнерства за млади- Развој на иновации Имплементатор: Атинска комора за трговија и индустрија Партнери: ЦЕФЕ-Македонија во соработка со 9 партнер организации од Бугарија, Кипар, Италија и Португалија. FABUSS- FAmily BUsiness Successful Succession” е 24 месечен ЕРАЗМУС младински проект чија главна цел е помагањето на младите со семеен бизнис да постанат  ефикасни и способни наследници.  Овој проект е наменет за млади лица на возраст од 20-29 години  коишто целаат кон превземање на нивниот семеен бизнис во иднина. На овие амбициозни наследници им се потребни вештини и знаења за ефективно развивање на бизнисот, кои по пат на иновативни стратегии и проширување на пазарот се вмрежуваат и соработуваат со претпријатија со слични бизнис активности. Цели на проектот: Да се идентификуваат и да се нагласат најдобрите практики за обука и поддршка на идната генерација на лидери во семејните бизниси, Да им се овозможи на идната генерација лидери да дојдат до потребните знаења, вештини и контакти- национални и меѓународни, Да се зајакнат знаењата и вештините на идните лидери, преку транснационални практики, експертиза и тимска работа со членовите од целната група од други земји. Да се поддржи долговечноста на семејните бизниси, нивно обновување и интернационализација, со цел реализација на нивниот социјално-економски придонес. Главните очекувани резултати се: Идентификација и анализа на регионалните потреби во полето на семејните бизниси и младинското претприемништво, Креирање и имплементација на ИКТ платформа за подобрување на нивото на претприемачки знаења и вештини на младите-наследници на семеен бизнис. Поддршка на стратешко планирање и олеснување на семејните претпријатија, базирано на реални процеси, со цел намалување на ризикот од неуспех во управувањето.

Вести, Медиа

Јован Сталевски: нема подобро време за сопствен бизнис од ова во кое живееме!

Јован Сталевски е претседател на организацијата „ЦЕФЕ Македонија“ и интернационален ЦЕФЕ обучувач. Оваа организација во Македонија работи упорно и напорно да ја промовира претпримничката култура, ги обучува, насочува и охрабрува младите дека одлуката да започнат сопствен бизнис е повеќе од бизнис одлука. Тоа е одлука да се биде слободен човек! (Разговараше- Верица Јорданова) – За почеток дајте ни еден краток вовед што е ЦЕФЕ Македонија, од кога постои, што работи и која е основната мисија на оваа организација? ЦЕФЕ е методологија за искуствена обука на претприемачи. Акронимот ЦЕФЕ доаѓа од анлиското име на методологијата “Competency based Economies, Formation of Enterprise”. За полесно разбирање, во превод значи „Креирање на претпријатија преку оформување на претприемачи“. Тоа значи дека дали едно претпријати ќе биде успешно или не, не зависи само од идејата и пазарот, туку најмногу од претприемачот и неговите компетенции. На пример, ако земеме било кој локален бизнис и да го тргнеме сопственикот и на негово место да поставиме друг сопственик тој бизнис повеќе не е ист. Методологијата е креирана во средината на 80-те години од 20 век од страна на експерти од областа на психологијата, бизнисот, маркетингот, финансиите и социологијата. Германското министерство за економија и нивните програми за интернационален развој го промовираа методот во преку 150 земји. Благодарение на квалитетот и ефективноста, денес ЦЕФЕ е широко прифатен метод за тренинг на претприемачи не само во Македонија, туку и во цел свет. Што покажува овој метод во последните 30 години? 95% од сите учесници на обуките или бараат дополнителна обука или инсистираат некој од нивните соработници или семејство да посетат ЦЕФЕ обука. И тоа не е случај само со обучувачите во Македонија, туку и со обуките што се оддржуваат насекаде во светот. Ние во Македонија се запознавме со методот во далечната 1997 година. После 11 години, во 2008 година, се формализираше здружение на граѓани „ЦЕФЕ Македонија“ со основна мисија, промоција на претприемачката култура и јакнење на бизнис компетенциите кај економските актери во општеството. Ние ги учиме луѓето да бидат претприемчиви и да не влегуваат во бизнисот емотивно, туку на база на реални истражувања и проценки од пазарот. Како што вели еден наш учесник: ме научивте да не газам на гнили даски, туку цврсто и сигурно да чекорам кон успех. Преку обука на што повеќе луѓе веруваме дека претприемачката култура и вработливоста во Македонија ќе ја издигнеме на високо ниво. Никој во светот не успеал сам, затоа и ние ги покануваме сите кои што веруваат во оваа визија да не контактираат на info@cefe.mk за соработка. Како соработници, пред се ги гледаме институциите кои го поддржуваат претприемништвото, како што се агенциите за вработување, Фондот за иновации и технолошки развој, министерствата, факултетите, универзитете, институтите, општините, акцелераторските програми, бизнис инкубаторите, бизнис старт ап центрите, финансиските институции, невладините организации), како и индивидуалци (бизнисмени, визионери, експерти) кои што сакаат да направат позитивна промена во Македонија. – Велите дека вашата визија е во Македонија да се формира претприемачка култура и да се зголеми вработеноста кај населението. Како ја оценувате претприемничката култура во Македонија? Како се менуваат претприемничките трендови со текот на годините? Претприемачката култура во Македонија сеуште е во развој, а за тоа е виновен системот во кој што се развиваат нашите млади. Конвенционалниот систем на образование не подготвува за искористување на веќе постоечките работни места (креирани во 20 век), а не за креирање нова вредност, со нагон да ги поправаме нештата околу нас и да бидеме одговорни за својата иднина и постапки. Исто така и политичката и социјалната криза придонесуваат за страв и неиницијативност кај луѓето во Македонија. Не можат реално да ги предвидат и проценат можностите и ризиците па затоа се воздржуваат од дополнителни инвестиции и почнување на нешто ново. Друг симптом на нашиот менталитет кој што му одмага на претприемачкото делување е што сме навикнати и сакаме некој друг да ни ја обезбеди или сработи нашата работа. Тоа е останато од минатото и пренесувано од нашите родители кои што живееле во поинаков економски систем. И што е уште позагрижувачки таквиот став се негува и од политичките и образовни лидери. Јас со сигурност тврдам дека нема подобро време за претприемачки активности од ова во кое што живееме. Зошто? Преку интернет, сите информации ни се лесно достапни, можностите за патување и вмрежување се многу евтини и достапни, а многу суровини и технологии се евтини и лесно достапни за развој на една идеја. Ресурсите за учење се подостапни од било кога до сега. Преку еден паметен телефон и интернет конекција ги имаме сите информации во рака, и сме поврзани со сите што сакаме да ни бидат клиенти. Постојат многу микрокосмоси – ниш пазари, во кои што може да оперира вашиот бизнис. – Во последно време постојат и повеќе програми кои ги стимулираат луѓето, особно младите да се испробаат во свој бизнис. Како Вие од ваше искуство, ги оценувате клучните предизвици кои ги одвраќаат истите од идејата да се почне бизнис и обратно? Кои се клучните мотивирачки фактори да се влезе во ваква мисија? Точно е дека во Македонија и во регионот постојат многу програми кои што ги поддржуваат и им помагаат на младите луѓе да започнат или да го доразвијат својот бизнис. Поддршката се нуди во сите нивоа на развој: од идеја до бизнис, стартап поддршка, поддршка во средна фаза како и поддршка во ширење на компаниите или нивна интернационализација. Ние го мапиравме тој екосистем и го документиравме во онлајн курс кој што може да се погледне на www.cefe.mk/Investiraj. Главен демотиватор во регионот е домашното воспитување, влијанието на најблиските пријатели и традиционалниот колективистички систем на вредности кој ја форсира сигурноста наместо современите индивидуалистички општества каде се цени превземањето на ризик и успехот. Од друга страна, медиумите во Македонија и во светот ни го хранат стравот кој што е основна причина да сме исплашени и да оперираме само во зоната на сигурност (читај стабилно вработување). Но светските трендови покажуваат дека останувањето во зоната на сигурност е најголемиот ризик на денешницата. Луѓето со кои соработуваме, како најголем мотиватор да се влезе во претприемачките води ги наведуваат: реализација на своите идеи и цели, финансиска независност и можностите кои ги нудат глобалните