Научно истражување за мапирање на активностите кои ги поддржуваат вештините за себенасочено учење

Сподели

Со огромно задоволство сакаме да ве известиме дека нашата организација ЦЕФЕ Македонија активно учествуваше во научно истражување за мапирање на активностите кои ги поддржуваат вештините за себенасочено учење, со цел да се најде модел за поддршка на вештините за себенасочено учење кај NEET-младите (младите кои не се ниту вработени, ниту во образовен процес).

Ова научно истражување претставува значаен чекор во нашите напори за разбирање и подобрување на процесите на индивидуално учење и саморазвој. Себенасоченото учење е од суштинско значење во денешниот брзоменувачки свет, каде што способноста за самостојно стекнување на нови знаења и вештини стана клучен фактор за успех. Преку нашето учество во ова истражување, имавме можност да придонесеме со нови сознанија кои можат да помогнат во подобрување на образовните методи и да поттикнат поширока примена на себенасоченото учење во различни контексти.

Сакаме да изразиме благодарност до сите партнери кои беа дел од оваа истражување кое беше во рамките на Ерзмус + проектот “SDL competencies for NEET-youth”. Исто така, сакаме да се заблагодариме и на Елена Петковска и Валентина Тодороска кои беа истражувачкиот тим на ЦЕФЕ Македонија.

Прочитајте го научното истражување на следниот линк: https://www.frontiersin.org/journals/education/articles/10.3389/feduc.2024.1433484/full