Зајакнување на практикантите со претприемачки способности

Да ги поддржиме практикантите да влезат во претприемачките води. Ова е главната мисија на нов проект што ЦЕФЕ Македонија ќе го спроведува од февруари 2023 до октомври 2024 година. 

Главната цел на проектот е да придонесе со новитети во стручното образование во Турција, Македонија и Естонија преку јакнење на меките вештини и претприемачкте компетенции на практикантите преку обуки, работилници, размена на добри практики меѓу државите како и изработка на нови едукативни материјали. 

Главен координатор на проектот е МЕСВАК од Анкара, Турција. Фондација која преку 20 години ги поддржува претприемачите од стручните училишта за економски развој на Турција. Покрај ЦЕФЕ Македонија други партнери на проектот се Развојниот центар на Вору регионот од Естонија кои од 1999 година функционира како соработник на централната и локалната власт на Естонија за систематски развој, вклучително и поддршка на млади претприемачи во Естонија. Последниот партнер на проектот е Директоратот на Национална Едукација од Анкара (АДНЕ), кој е втора најголема институција за образование после министерството за образование на Турција која ги извршува сите активности во основното и средното образование (вклучително и стручното образвоание).

Добивките за студентите се: подобрување и стекнување на меки вештини и претприемачки компетенции, учество на интернационални работилници, подобрување на јазичните способности, анализа и изработка на бизнис идеи, вмрежување со претприемачи, можност за финансирање на нивните идеи.

Добивките за стручните училишта и нивните вработени се: развојна програма за градење на претприемачки способности кај практикантите и студенти, интернационално искуство на наставниот кадар, подобрување на едукаторските и обучувачки способности, вмрежување со институции, бизниси и органзиации од Европа, алатки за оценување на спосонбноста на учениците за претприемачки вештини и како да ги развиваат. 

Ги покануваме стручните училишта и факултети кои сакаат да им овозможат на своите студенти интернационално и претприемачко искуство да не контактираат за соработка. 

Од 10 до 13 март 2023, ЦЕФЕ Македонија ќе биде домаќин на првиот интернационален состанок каде што ќе се договорат натамошните активности, за кои што дополнително ќе ве известиме и ве покануваме да не следите.

Проектот е кофинансиран од Еразмус + програмата и Турската Национална Агенција за Мобилност и Едукација.