Проекти

Објавено на јануари 14th, 2020 | од admin

0

Повик за учество на обука за обучувачи по ЦЕФЕ Методологија во рамки на проектот “Креирање на регионални центри за претприемништво во Источна Македонија”

7, 8, 9 Февруари  2020 и 15, 16 Февруари 2020

Хотел Изгрев, Штип

Обуката е наменета за создавање на компетентни лидери и обучувачи кои ќе бидат лиценцирани обучувачи за претприемништво што ќе користат искуствена обука за претприемништво базирана на  ЦЕФЕ методологијата која веќе 30 години придонесува во креирање на економии засновани на компетентност, иновации и решавање на проблеми.

Обуката за обучувачи по претприемништво, ја препознава силната социјална потреба за градење на претприемачки општества низ целиот свет кои ќе им овозможат на младите луѓе да ги остварат своите идеи и професионални планови.

Што е ЦЕФЕ?

Германска методологија која претставува кратенка од англискиот акроним CEFE Competency based Economies, trough Formation of Enterprises (во превод: Економии базирани на Компетенции, преку Формирање на Претпријатие).

Методологијата замислете ја како кутија полна со инструменти за обучување кои користат методи на учење базирани на практично искуство и се ориентирани кон акција. Создадена е со цел да ги развива и подобрува бизнис компетенциите, менаџерските и личните компетенции кај различни видови целни групи (претприемачи, менаџери, едукатори, студенти, невработени … се до бегалци, земјоделци, затвореници, лица во незавидна позиција и други). Главно придонесува кон економски развој преку поттикнување на зголемување на приходи и нови вработувања.

Кој треба да присуствува?

Обуката не е за туристи. Наменета е за луѓе кои се сериозни во нивната цел да ја започнат или подобрат нивната кариера како професионални обучувачи. Идеален профил на учесници се: младински работници, обучувачи, младински лидери, проектни менаџери, претприемачи, фасилитатори, професори и вработени во агенции за поддршка на претприемништвото.  Сите заинтересирани ве охрабруваме да се пријавите на онлајн апликацијата, со напомена дека при избор на учесниците ќе се даде предност на кандидати кои живеат или делуваат во источниот дел на Македонија.

Кои се вашите придобивки?

– Зголемени обучувачки компетенции при употреба на ЦЕФЕ методологијата;

– Запознавање со најсовремените алатки и вежби како дел од оваа методологија;

– Подготвени и светски тестирани програми за обука за претприемништво (социјално претприемништво, иновации, бизнис вештини…);

– Можност да се работи како обучувач при реализација на пилот обуки во Источна Македонија и во други интернационални проекти;

– Набљудување и сертификација на учесници кои се стекнуваат со лиценца за ЦЕФЕ обучувачи и кои ќе можат да работат на национално и мегународно ниво;

– Зајакнување на капацитетите на организациите во процесот на превземање активности за еманципирање на младите луѓе во нивните региони, зголемување на нивниот капацитет за одржување на обуки за претприемништво, зголемување на приходот и отворање на можности за нови интернационални соработки на слични теми;

– Зајакнување на мрежата на ЦЕФЕ организации низ светот;

– Создавање на заеднички идеи и проекти за различни настани.

Работен јазик : Македонски

Услови за учество:

Обуката и сместувањето (за учесниците што не се од градот на одржување на обуката), храна, пијалоци и сите материјали за обуката ќе бидат покриени од страна на организаторот.

Пријавување и потврда на учество

За да аплицирате на обуката ве молиме пополнете ја онлајн апликацијата и прикачете го вашето CV со конкретни информации во делот на обучувачко и претприемачко искуство.

На датумот на селекција ќе испратиме информација до сите апликанти за статусот на вашата апликација.

Краен рок за аплицирање: 31.01.2020

Селекција на учесници: 03.02.2020

Организатор: ЦЕФЕ Македонија (www.cefe.mk)

Контакт:

Благој Трајков / +389 71 324 959 / blagoj.t@cefe.mk

Јован Сталевски / +389  78 437 267 / j.stalevski@cefe.mk

ПОВЕЌЕ ИНФОРМАЦИИ ЗА ОБУКАТА МОЖЕ ДА НАЈДЕТЕ ВО БРОШУРАТА НА СЛЕДНИОТ ЛИНК.


За авторот



Comments are closed.

Back to Top ↑