За нас

This post is also available in: English

Историја – Искрата за формирање на здружението се јави уште во далечната 1997, по тренинг за тренери кои ќе ја користат ЦЕФЕ Методологијата во ширење на претприемничката култура., организиран од ЦЕФЕ Интернационал и Германската канцеларија за интернационална соработка ГИЗ (тогашно ГТЗ). Од тогаш, ЦЕФЕ тренерите работат на подигање на свеста за претприемништвото во Македонија и Југоисточна Европа. Дел од тие тренери се и основачите на здружението – Зоран Витанов, Пеце Јовески, Висар Адеми, Маја Тасева и Благој Митрев.

Формалното регистрирање на здружението на граѓани ЦЕФЕ Македонија се случи на 26 јуни 2008 година во Скопје Македонија, како непрофитна, непартиска организација.

Од тогаш, се до денес, мисијата на ЦЕФЕ Македонија е да ги подобрува претприемaчките перформанси на економските актери преку стимулирање на претприемaчко однесување и развој на бизнис компетенции. Ние веруваме и работиме кон градење на претприемaчко општество и ги учиме лицата да бидат иноватори и претприемачи.

Нашата визија е формирана претприемачка култура и зголемена вработеност кај населението.

ЦЕФЕ произлегува од англискиот акроним CEFE (Competency based Economies, Formation of Enterprises, или во превод економии засновани на компетенции, формирање на претпријатија).

ЦЕФЕ Македонија работи според ЦЕФЕ методологијата која користи пристап ориентиран кон акција и едноставни методи на учење со цел да се развијат и зајакнат менаџерските и личните вештини на претпримачите во контекст на зголемување на приходите, отварање на нови работни места и одржлив економски развој. Досега оваа методологија се покажа како успешен пристап во промоција на малите и средни претпријатија, нови вработувања, генерирање приходи и економски раст.

Цели: Главните цели на ЦЕФЕ Македонија се следните:

  • Организација на обуки и работилници од областа на претприемaштвото, подигнување на свеста за важноста на само-вработувањето;
  • Унапредување на бизнис вештините за развој на нови и веќе постоечки компании;
  • Дисеминација на сеопфатно знаење за ЦЕФЕ методологијата (Креирање Претпријатија преку формирање на претприемачи);
  • Oвозможување на постојан развој на ЦЕФЕ алатките;
  • Развивање и спроведување проекти за одржлив економски развој;
  • Поттикнување на регионалната и меѓународната економска соработка и размена

Нашето географско поле на делување е на регионално и национално ниво во Македонија, како и Европско и Интернационално.

Нашите конституенти ги сочинуваат сите:

  • Кои сакаат да започнат свој бизнис или да го развијат веќе постоечкиот. Соработуваме преку организација на бизнис обуки според ЦЕФЕ методологијата и нудење на експертски совети;
  • Организации насочени кон поддршка на претприемaштвото. Соработуваме со цел да поттикнеме и да креираме подобри услови и поволна околина за развој на претприемачите;

Членство: ЦЕФЕ Македонија е дел од глобалната ЦЕФЕ мрежа на организации која работи во околу 140 земји во светот, менаџирана од ЦЕФЕ Интернационал Германија.

Неколку факти: ЦЕФЕ е селектиран како еден од главните методи за претприемaчки обуки на Универзитетите во западна Германија; Балтичките земји имаат креирано своја организација Baltic Entrepreneurship Academy која има за цел да го употребува овој метод за развој на претприемaштвото; Бразил има повеќе од 2000 ЦЕФЕ тренери и повеќето од невладините кои работата на поддршка на мали и средни претпријатија ја користат оваа програма; Телеком компанијата во Црна Гора ја употребува ЦЕФЕ за развој на нивниот кадар, итн.

Клиенти: Во претходните години сме работеле со различни клиенти во доставување на бизнис обуки, како што се: ГТЗ канцелариите во регионот, Светска банка, CEED Скопје, Европската агенција за реконструкција и развој, МИКРОСАМ Прилеп, македонски општини, Асоцијацијата за туризам на Црна Гора, итн.


Back to Top ↑