Вести

Објавено на ноември 13th, 2015 | од admin

0

Покана за дискусија со студенти од Универзитетот Case Western од Охајо за македонското претприемаштво

Проектот “Зошто да одите во странство кога може да останете и да ја развивате вашата држава-Инвестирај“ продолжува со нови интересни активности.

 

На 17-ти ноември, 16.00 часот, во Американското Катче Битола ќе се одржи WebEx конференција во живо со студенти од Универзитетот Case Western од Охајо кои го следат онлајн курсот – Beyond Silicon Valley: Growing Entrepreneurship in Transitioning Economies како дел од нивната настава. Во рамките на овој курс воден од професорот Michael Goldberg студентите ги проследија видеата од македонската претприемачка приказна снимена во рамките на проектот “Инвестирај“ финансиран од Амбасадата на САД во Македонија. На тој начин состојбите и активностите во македонското претприемаштво овој семестар се изучуваа како студија на случај на еден од познатите Американски Универзитети.

 

Секој кој е заинтересиран за дискусија со Американските студенти за претприемачките еко системи во САД и Македонија, да научи повеќе за видовите на поддршка за претприемачите кои се достапни во државата Охајо, да сподели свои размислувања за состојбите во Македонија, да се вмрежи, може да се придружи на ЦЕФЕ тимот на 17 ноември во 16 часот, на заедничката средба во Американското Катче.

 

Сите што ќе доаѓате во Американското Катче ве молиме известете не на info@cefe.mk

 

Доколку пак не сте во можност да дојдете, ви препорачуваме да се приклучите на следниов линк. Само логирајте се и ќе можете и од дома да дискутирате заеднички со сите нас.


За авторот



Comments are closed.

Back to Top ↑