Вести

Објавено на јануари 25th, 2017 | од admin

0

9. Користењето на ИКТ за подобрување на доживотното учење

Име на проектот: Онлајн портфолио – Користењето на ИКТ за употреба и подобрување на доживотното учење

Програма: Еразмус+

КА1:  Мобилност на младинските работници

Организација: K.A.NE Социјален младински развој (www.ngokane.org)

Партнери: ЦЕФЕ-Македонија заедно со други младински организации од 28 Држави-членки на Европската Унија вклучувајќи ги и Исланд, Линхенштајн, Норвешка и Турција.

Временска рамка: 17.04.2017-23.04.2017

Место на одржување на обуката: Каламата, Грција

Проектот е финансиран од Еразмус+  lump sums фондови.

Опис на проектот:

„Општата цел на портфолијата е да се создаде чувство на сопственост врз личните достигнувања затоа што сопственоста создава чувства на гордост, одговорност и посветеност.“ – Paris & Ayres. (1994).

Цели на проектот

  • Да се истражи употребата на онлајн портфолијата како средство за запишување, потврдување и презентирање на вештините и способностите стекнати преку не-формалното образование и доживотно учење
  • Да се истражи како новите технологии уграат улога во зајакнувањето на можностите за младинското вработување
  • Да се размислува за употребата на онлајн-портфолијата како алатка за потребните вештини и способности коишто се барани на пазарот на трудот и коишто се развиени преку доживотното учење
  • На учесниците да им се покажат начините на креирање на онлајн-портфолија, за тие да имаат можност да ги прикажат истите на младите соработници
  • Да им се помогне на учесниците поефикасно да ја користат технологијата,на пример компјутерите и мултимедијата како алатки за да се поттикне и да се зајакне позицијата на пазарот на трудот на младите со намалени можности.
  • Да се споделат знаења за Еразмус+ програмата и да се создаде мрежа за развој на заеднички проекти во блиска иднина.

На овој тренинг Цефе Македонија како партнер организација ќе испрати два учесници од Македонија.

     Повикот за учесници на тренингот ќе биде објавен на нашата WEB-страна. Затоа не     заборавајте да ги следите нашите ажурирања.

Share on Facebook0Tweet about this on TwitterShare on LinkedIn0Share on Google+0Email this to someone


За авторот



Comments are closed.

Back to Top ↑