Проекти

Објавено на февруари 19th, 2020 | од admin

0

20 нови обучувачи за градење на претприемачки општества

Еден од клучните проблеми со кои се соочува Македонија денеска е заминувањето на младите во развиените држави и ниското ниво на претприемачки вештини кај населението. Тоа се причини за намалување на нови работни места преку бизнис активности. Токму затоа се јавува потребата за ширење претприемачка култура, претприемачки начин на размислување и бизнис вештини, кои овозможуваат на населението да ги остварат своите цели на професионален и личен план.

За намалување на овој проблем во Источна Македонија, обучивме 20 нови обучувачи за претприемништво, кои што ќе ја шират ЦЕФЕ филозофијата за креирање на економии засновани на компетенции. Во периодот од 07 до 16 февруари 2020 година, во хотел Изгрев, Штип се одржа петдневна обука за обучувачи според ЦЕФЕ Методологијата. Обуката е дел од проектот “Креирање на регионални центри за претприемништво во Источна Македонија” поддржан од Амбасадата на САД во Македонија.

Обуката беше организирана од страна на ЦЕФЕ Македонија, а истата ја реализираа Јован Сталевски и Влатко Данилов, експерти со повеќе од 10 годишно обучувачко и претприемачко искуство.

На обуката учествуваа 20 учесници од цел Источен регион (Штип, Струмица, Кочани, Неготино, Велес, Гевгелија, Радовиш, Виница), кои беа избрани преку високо конкурентен и селективен процес од преку 70 апликанти од цела Македонија. Особено радува фактот што Источна Македонија ја препозна потребата од претпримачките способности кои се потребни за развој на овој регион.

Учесниците кои беа дел од обуката, идните обучувачи, се здобија со вештини за дизајнирање, организација, водење и евалуација на обука за претприемништво преку најсовремените алатки и вежби кои се дел од ЦЕФЕ Методологијата. Исто така ги зајакнаа своите лични претприемачки компетенции во насока на барање и селекција на бизнис идеја, поставување на цели, алатки за бизнис анализа, поставување и селекција на пазар и купувачи, организација и менаџмент, менаџирање на финансии, како и вештини за конкурентност на пазар.

Токму овие вештини ќе имаат можност да ги пренесат на своите идни учесници при реализација на обуки во Источна Македонија кои се дел од овој проект.  Нивни целни групи ќе бидат средношколци, студенти, земјоделци, претприемачи, невработени и сл.

Она кое што успеав да го забележам е дека ЦЕФЕ Методологијата има еден сосема друг пристап кон обука кој што не тера преку искуство да размислиме и да ги отвориме нашите прозори за да гледаме од друг агол на работите со цел да стигнеме до целта. Цела оваа обука не научи дека претприемништвото не е едноставен процес. Сите методи беа толку добро концепирани да не водат точно низ патот на претприемништвото и да ни отворат еден нов видик за решавање на ситуациите. – изјави еден од учесниците.


За авторот



Comments are closed.

Back to Top ↑