Вести

Објавено на јуни 16th, 2017 | од admin

0

Повик за експерти за креирање содржина за он-лајн модули

This post is also available in: English

ЦЕФЕ Македонија во рамките на проектот „Претприемачко учење за млади“ треба да изготви содржина за он-лајн модули. За таа цел има потреба од експерти кои ќе изготват он-лајн содржината за модулите.

Проектот ќе понуди неформални активности на 60 млади – 20 од Македонија, 20 од Романија и 20 од Грција, со цел развивање на трансферзални и претприемачки вештини.
Со активностите од проектот, на 60-те млади ќе им се понуди потребното знаење за да станат претприемачи. Неформалните активности ќе креираат простор во којшто младите, преку 30 работилници, ќе ги развиваат сопствените бизнис планови потпомогнати од професионалци и финансиски институции. Во зависност од темите коишто преовладуваат низ младинските идеи, помагачи ќе бидат: претприемачи, бизис советници, сметководител, адвокат и експерти за производство/услуги. Овие активности ќе го обезбедат потребното време за 60-те млади да развијат претприемачки вештини и да разберат што значи да се биде претприемач и како тој планира и реагира во различни ситуации. Потоа, тие ќе го симулираат стартап бизнисот и ќе се здобијат со вештини на динамичен претприемач и ќе го симулираат вработувањето, пронаоѓањето партнери, добавувачи и процесот на развивање на производот/услугата. Со оваа активност, 60-те млади ќе развијат практични претприемачки вештини со тоа што ќе искусат што значи да се биде претприемач.
Проектот е финансиран од Ерасмус+ програмата во рамките на КА2 Entrepreneurial learning for youth.
Партнери на овoј проект се: Асоцијацијата Sprijin si Dezvoltare-Романија, CRYSTALCLEARSOFT-Грција.

Целите кои сакаме да ги постигнеме со овој повик се следниве:

-Да се направи он-лајн тренинг материјал кој ќе им послужи на младите полесно да го разберат претприемништвото и предизвиците поврзани со него.
-Соодветниот тренинг материјали ќе го преставуваат он-лајн курсот и треба да содржат теоретски, но и практичен-искуствен дел. Притоа тие треба да претставуваат една целина.
-Материјалот треба да содржи примери од реалниот живот за да младите полесно ги совладаат концептите на претприемништвото.

Темите за кои што ќе се креираат он-лајн курсеви се следни:

1: What means entrepreneurship, characteristics, myths, barriers at personal and external level. Historical, economical and multidisciplinary approach of entrepreneurship.
2: Why become an entrepreneur, benefits and fears.
3: Business and Work Ethics.
4: Entrepreneurial Characteristics – traits that make one successful.
5: Business Plan steps, Types of Business plans, best fit for your idea.
6: Sparkling Creativity and Innovation; Generating business ideas.
7: Micro & Macro analysis, Risk Assessment and SWOT Analysis.
8: Goal Setting, Factors that influence the entrepreneur and the enterprise, motivation.
9: Introducing Marketing Mix.
10: Target and segmentation market, Industry and Market Analysis: definition, segmentation, size, growth, trends, existing products/ service.
11: Costumer Analysis (type, size, industry, growth, trends, customer’s profiles) and Competitive Analysis (capabilities, strategies, goals, response from competition)
12: Marketing strategy, positioning and pricing.
13: Market Survey and Research.
14: Product / Service Development & Adjustment (Based on Market Research)

Очекувани резултати од експертите:

-Секој модул од он-лајн курсот треба да биде пишуван на англиски јазик и да биде помеѓу 14 и 16 страници.
-Да изготви најмалку 3 прирачници\вежби.
-Да изготви најмалку 2 квизови(пред и потоа).
-Доставување на еднодневна работилница во рамки на проектот Претприемачко учење кај младите.
-Да бидат слободни за 1 кординативен состанок пред почетокот на пишување на модулите, и уште 1 кординативен состанок за текот на работењето.

Профил на експертите:

-Да разбираат или имаат искуство од креирање на он-лајн курсеви.
-Најмалку 3 год експертиза во полето на претпиемништво.
-Да бидат слободни за коминикација и кординација во периодот 20 јуни-10 јули 2017 година.

Сите заинтересирани експерти потребно е да достават:
-CV
-Назнака за кој модул се пријавуваат.
-Предлог план-сесија како би изгледал нивниот модул.

Се повикуваат сите заинтересирани да ги достават своите понуди преку емаил на info@cefe.mk најдоцна до 20.06.2017 година. Избраните експерти треба да ги достават завршните производи најдоцна до 10.07.2017 година.
За подетални информации слободно контактирајте не на следниве броеви:

078 437 267 Јован
078 241 181 Кристијан

Што нудиме?
-Флексибилно работно време
-Хонорар за креирање на модули 350 евра бруто + одржување на еднодневна работилница 100 евра бруто
Селектирањето на експертите ќе се врши според релевантното искуство и нивниот план за работа. По изминување на рокот за доставување на потребните материјали експертите ќе бидат контактирани за одлуката околу изборот.

Share on Facebook24Tweet about this on TwitterShare on LinkedIn0Share on Google+0Email this to someone


За авторот



Comments are closed.

Back to Top ↑