Вести

Објавено на февруари 1st, 2017 | од admin

0

10. Уникатен тренинг во Италија!

ХА ХА ХА- за учење, здравје и благосостојба

Примамлива обука за младински работници и млади лидери

24 – 31 Март 2017 ТРАМОНТИ, Италија

Краен рок за пријавување: Недела, 5 Февруари 2017

Име на проектот: ХА ХА ХА за учење, здравје и благосостојба

Програма: Еразмус+

Временска рамка: 24-31 Март 2017

Локација на обуката:  Трамонти, Италија

Наменето за: Младински работници, младински лидери, менаџери на младински организации, проект-координатори на образовни проекти, како и оние коишто се искусни во неформалното образование на младите. Секако и за оние очекуваат многу смеа.

ЦЕФЕ Македонија на оваа обука ќе испрати два учесници.

Доколку сметате дека оваа обука е токму за вас, не пропуштајте ја оваа можност!

Опис на проектот: Обуката ХА ХА ХА за учење, здравје и благосостојба е креирана со единствена цел да ја истражи оваа тема и да се развијат нови педагошки вештини и тоа преку здружување на 26 младински работници делегирани од 13 младински организации од различни држави од Централна и Источна Европа, како и Медитиранскиот и Кавкаскиот регион.  Учесниците ќе имаат можност да бидат вклучени во работилници кои ќе имаат со цел да стекнат и развијат компетентости и вештини за педагошкиот аспект на смеењето, и тоа за во иднина да можат овој аспект да го практикуваат работејќи со младите. Во текот на оваа обука присутните ќе смислуваат и развиваат вештини за смеење без причина, како и иновативни методи за нивна имплементација во текот на неформалното учење.

Учесниците исто така ќе организираат едукативни работилници за безусловна смеа кои ќе бидат од корист како за младите така и за различните категории од локалната јавност.

Повеќе информации ќе најдете на следниот линк

 

ПОПОЛНЕТИТИОТ ФОРМУЛАР ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ ИСПРАТЕТЕ ГО НА pistes_solidaires@yahoo.gr НАЈДОЦНА ДО НЕДЕЛА, 5 ФЕВРУАРИ 2017

Share on Facebook0Tweet about this on TwitterShare on LinkedIn0Share on Google+0Email this to someone


За авторот



Comments are closed.

Back to Top ↑