Проекти

Објавено на март 31st, 2015 | од Stefan Spasenovski

0

1. „Обука на обучувачи според ЦЕФЕ методологија“ Период на реализација: 01.02-31.05.2014

This post is also available in: English

Финансиран: Европска Комисија во рамките на програмата Млади во акција

Реализатор: ЦЕФЕ Македонија

Период на реализација: 01.02-31.05.2014

ЦЕЛ: да разменат идеи за проблемот на невработеноста кај младите, преку поттикнување на мобилноста на младите невработени луѓе и развој на претприемaштвото.

ЦЕФЕ Македонија ја организираше обуката за 27 обучувачи (тренери и едукатори) од 9 земји (Грција, Романија, Турција, Албанија, Грузија, Македонија, Бугарија, Белорусија, Литванија) обезбедувајќи им можност во текот на 10 дена се здобијат со вештини и знаења за ЦЕФЕ методологијата, како да го развиваат претприемаштвото и малите и средни претпријатија во нивните земји, како еден од начините за намалување на невработеноста. Обуката се одржа во Битола, Р. Македонија од 15 до 25 март 2014. Исто така, проектот обезбеди можности за вмрежување и зајакнување на капацитетите на невладините организации и размена на искуства, експертиза и добри практики.

Посебните цели на проектот се следниве:

    • Да се зголеми компетентноста на учесниците за примена на ЦЕФЕ методологијата;
    • Да ги научат најновите ЦЕФЕ алатки и вежби;
    • Да се развие способноста кај учесниците да генерираат нови вежби и програми за обука;
    • Да се зајакнат капацитетите на невладините партнерски организации во процесот на преземање активности за справување со растечката невработеност на младите;
    • Да се зголеми свеста за вредноста и важноста на учеството на младите како форма на активно учество во општеството, преку поттикнување на претприемачкиот дух, иновативност и креативност.
Share on Facebook0Tweet about this on TwitterShare on LinkedIn0Share on Google+0Email this to someone


За авторот



Back to Top ↑