ЦЕФЕ се шири во Кајзери, Турција

Нашите соработници Мустафа Јилдиз и неговиот тим од Кајзери, Турција иницираа основање на неформална група на млади луѓе „ЦЕФЕ Кајзери Младинска Група“ која има за цел ширење на претприемачката култура помеѓу младите од Кајзери и пошироко преку проекти за економски развој.

Идејата произлезе после успешниот интернационален тренинг за идни цефе тренери, кој што се одржа во Октомври 2015. Целта на оваа неформална група е да прерасне во препознатлива организација која ќе работи на јакнење на постоечките и идните претприемачи со вештини за успешно планирање и водење на бизнис, како и јакнење на екосистемот за поддршка на претприемачите во Турција.

На почетокот на април, експерти од ЦЕФЕ Македонија и ЦЕФЕ Кајзери дизајнираа проект кој ќе има за цел да ги зајакне знаењата и вештините на младите за социјалното претприемништво „Social Entrepreneurship Values for Global Impact – SEVGI”. Тој беше аплициран во Турската Национална Агенција за европски образовни програми и мобилност. Покрај ЦЕФЕ Кајзери и ЦЕФЕ Македонија, останати партнери на проектот се организации од Бугарија, Грција, Финска, Португалија, Холандија, Романија, Хрватска, Унгарија, Литванија, Италија и Шпанија. Се надеваме дека оваа поддршка од Еразмус + програмата ќе ја зајакне организацијата во нејзиниот раст.