ЦЕФЕ Македонија стана заштитена трговска марка

Денеска живееме во време каде што деловната заедница се повеќе се глобализира и бизнисите и светот се дигитализираат со брзо темпо. Пазарот станува се повеќе натрупан, па доколку сакате да останете компетитивни, мора да понудите квалитет, кој се повеќе се цени денеска. Иновацијата отсекогаш била клучот за успехот во компаниите и останува извор на енергија на економијата базирана на знаење која е предизвик на секоја земја. Насекаде каде што има голема конкуренција, еден од начините на привлекување на купувачи е персонализацијата на производот.

Ние во ЦЕФЕ Македонија на различни начини се трудиме и инвестираме во оддржувањето и подобрувањето на нашите услуги. Еден од тие начини е да го изградиме ЦЕФЕ Македонија во заштитена трговска марка и да го потврдиме позитивниот углед. Преку ова сакаме да ги осигураме нашите клиенти дека од ЦЕФЕ Македонија добиваат услуга во која ќе имаат доверба и на чиј квалитет ќе можат да се потпрат.

Една од главните наши услуги е консалтингот во сферата на промоција на приватниот сектор преку обука, обучување и менторство на луѓето да станат претприемачи или да го подобрат нивниот бизнис преку ЦЕФЕ Методологијата која користи пристап со искуствено учење насочен кон акција и методи на учење со цел да се развијат и зајакнат менаџерските и личните вештини на претпримачите кои потоа ќе овозможат одржлив економски развој. Нашата методологија се покажа како успешен пристап во промоција на претприемништвото.

Тимот на ЦЕФЕ Македонија гледа долгорочно на работите, и цврсто веруваме дека тоа е единствениот начин да останете компетентни на пазарот денеска.