Вести

Објавено на декември 30th, 2015 | од admin

0

Формирање на асоцијација на Менаџери на РМ

На 15.12.2015 година, беше одржано основачко собрание на Асоцијација на Менаџери на Република Македонија.

Членови на ЦЕФЕ Македонија се дел од основачите на оваа асоцијација, која по успешните практики на соседните земји, за прв пат се формира и во Македонија, со цел соработка и вмрежување на менаџерите од регионот.

За таа цел, се одржа прес конференција на Асоцијацијата, на 22.12.2015 година (Вторник), во Хотел Stone Bridge во Скопје, со почеток во 15:30 часот.

На истата, беа  претставени деталите за функционирањето на Асоцијацијата на Менаџери, како и нејзината визија, мисија, цели и програма, како сериозен партнер кој ќе даде придонес и еден нов импулс во економскиот и општествениот развој на Република Македонија.

На конференцијата присуствуваше г-дин Будимир Раикочевиќ претседател на Асоцијацијата на менаџери на Црна Гора.


За авторот



Comments are closed.

Back to Top ↑