Учењето – пат кон успешен бизнис

На повидок е уште еден успешно реализиран проект кој го завршуваме со настан на кој што ќе ги преставиме резултатите од истиот и алатките кои се сега спремни за користење. Станува збор за конференција на тема „Учењето – пат кон успешен бизнис“ која се организира во рамките на проектот „Претприемачко учење за млади“, финансиран од Европската Унија. Нaстанот ќе се  одржува на 07-08.12 2018г. во Хотел Епинал, Битола, со почеток во 10:00 часот.

Секогаш кога ќе се спомне претприемништво, се зборува за успешните бизниси базирани на капиталот и идеите. Ние сакаме да истакнеме уште еден фактор на патот кон успешноста – едукацијата.

Основна цел на конференцијата е истакнување на придонесот на едукацијата во развојот и растот на бизнисите, преку претставуање на  резултатите и продуктите од проектот, споделување на лични искуствени примери и панел дискусија. На настанот ќе присутвуваат гости од виското образование,  VET секторот, невладини и младински организации, IT бизниси, иновативни бизниси, потенцијални претприемачи, лидери во светот на претприемништвото, меѓу кои и мотивациски говорници.

Истовремено, би сакале со Вас да ја одбележиме 10 годишнината на ЦЕФЕ Македонија и заедчнички да ја прославиме со коктел забава и изненадување за присутните на затворањето на конференцијата.

Повеќе детали за програмата и говорниците следуваат наскоро.

Вашето присуство можете да го потврдите на следниот линк: https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSf8QPkS8xk3bcmfjKu7r01XNR-l46dwx8pkze2cCWwiv2ZL5A/viewform

Со нетрпение Ве очекуваме!