Објавено на ноември 16th, 2018 | од Trajche Anastasov
0Успешно реализирана работилницата за Канва дизајн алатката
На 15.11.2018, во просториите на ЦЕФЕ Македонија беше одржана сателит работилница во рамки на Светската Недела на Претприемништвото. Станува збор за Работилница за Canva™ дизајн алатката, каде што се зборуваше за важноста на визуелниот идентитет на бизнисите и како да дизајнираме како професоналци со помош на Canva™. Притоа, учесниците имаа можност сето тоа и практично да го искусат, за потоа да го применуваат во своите бизниси.
На обуката присуствуваа 18 учесници кои, благодарение на обучувачот Предраг M. Клекачкоски, се здобија со нови теоретски знаења и практични вештини од областа на дизајнот и маркетингот. Работилницата траеше 4 часа и во тој период присутните, работејќи во групи, имаа прилика да ја испробаат алатката и да изработат свој дизајн, кој подоцна беше анализиран од страна на сите учесници. По завршувањето на обуката, следуваше сесија за прашања која благодарение на љубопитноста и интерактивноста на учесниците им овозможи да се здобијат со дополнителни информации.
Поради големиот интерес, наскоро ќе биде одржана уште една работилница од овој тип. Очекувајте информации наскоро.