Вести

Објавено на март 15th, 2019 | од Trajche Anastasov

0

Успешно реализирана првата трибина за семејни бизниси

На 14.03.2019 во Јавна Соба, беше реализирана првата „Трибина за семејни бизниси“. Идејата за реализирање на ваков настан беше поттикната за време на истражувањето кое ги опфати семејните бизниси во Македонија кои потенцираа дека најсоодветен начин за стекнување со знаења и вештини потребни за успешно водење на бизнисот, е преку обука, како и споделување на искуства со други претставници на семејни бизниси.

 

За таа цел ЦЕФЕ Македонија и Центарот за Бизнис Психологија ја организираа оваа трибина на која сопствениците и наследниците на семејните бизниси имаа прилика меѓусебно да се инспирираат и мотивираат, а воедно и да остварат нови контакти. Откако Јован Сталевски, Марина Анчевска и Зоран Витанов се претставија пред публиката и ги запознаа гостите со проектот „ФАБУС“, од каде произлезе потребата за организирање на еден ваков настан, започна првата сесија во која сопствениците на семејни бизниси (Љупчо Ашкилов – Магнаскен; Ена Норлинд – ДАН – МАК; Снежана Станојковиќ – Бучен Козјак; Сашко Станоевски – Еуросолид; Мери Терзиеава – Идила) одговараа и дискутираа на прашања поврзани со нивното гледиште и искуство при предавањето на бизнисот на нивните наследници, за нивната поврзаност и како се родила идејата да го започнат бизнисот.

 

Во втората сесија, која беше наменета за наследниците на семејни бизниси (Бојан Ашкилов – Магнаскен; Бојан Георгиевски – Шпедиција „ДИМА“; Иван Богоевски – Б Вач; Анита Спасовска – Бучен Козјак; Дина Муцунска – Хотел Манастир) се отвори интересна дискусија за тоа како изгледа предавањето на бизнисот од нивна перспектива, со какви предизвици се соочуваат, како тие гледаат на бизнисот и како наоѓаат начин да имплементираат иновации и промени кои не се баш добро прифатени од нивните родители.

 

Освен сопствениците и наследниците на семејните бизниси, на овој настан учествуваа и претставници на финансиски институции. Ива Ковачевиќ од Европска Банка за Обнова и Развој и Игор Маџов од South Central Ventures, кои ги претставија нивните модели на финансисрање и помагање на семејните бизниси, а воедно споделија и искуство од веќе реализирани соработки со некои семејни бизниси во Македонија.

Настанот беше заокружен со коктел на кој сите учесници имаа прилика подобро да се запознаат, да се вмрежат и да остварат бизнис контакти за идна соработка.

 


За авторот



Comments are closed.

Back to Top ↑