Услуги
This post is also available in: English
Базирани на главната филозофија – развој на бизнис компетенциите кај луѓето, наш предизвик за работа се: економскиот, руралниот и човековиот развој, професионалната едукација, промоција на приватниот сектор, реформи во јавните институции, финансиски менаџмент како и креирање на економски политики.
Нашите области во кои сме компетентни се развој на приватен сектор, создавање на претприемничка околина, едукација и развој на пазарот на труд, развој на млади и според тоа, со задоволство ви ги нудиме следните услуги:
- Обезбедуваме соодветни експерти или партнерски организации;
- Подготовка на концепти или проектни идеи според вашите идеи и потреби.
- Имплементација на делови од програми;
- Целосно водење на проект според вашите барања (од обезбедување на соодветни експерти кои ќе го развијат концептот, поднесување на предлог проект, егзекуција на проектот, се до координирање на проектниот тим);
- Обуки скроени спред вашите потреби кои можат да бидат – Обуки од затворен тип (инхаус во вашата организација) – обуки за тим билдинг, фасилитирање на ритрит настани и се од долунаведеното.
- Обуки од отворен тип:
- „Обука за бизнис вештини“ – Стандарден ЦЕФЕ тренинг за бизнис вештини. Диајниран да се прилагодува на специфични таргетни групи: млади, жени, од руралени средини, старт апи, вработени итн …
- „Skills Pays Bills” – Тренинг за вештини за вработување и кариера за млади.
- “Инклузивни вештини за вработување” – Тренинг програма за здобивање вештини и знаења за вработување прилагодена за вклучување на учесници со попреченост.
- “MANGO” – Обука за менаџмент на невладини организации.
- „Тренинг за тренери“– Обука за здобивање со обучувачки вештини + обука за обучување на лиценцирани ЦЕФЕ тренери.
- “Разгорување на креативност и иновативност” – Обука за креативно размислување, решавање на проблеми и подобри одлуки.
- “Врв во менаџирањето” – Сет од менаџерски обуки според потребите за компетенции на учесниците.
- „Јавно-приватно партнерство“
- “Beyond Silicon Valley” – Програма за поттикнување на регионален економски развој.
- „Социјално претприемнштво“ – Обука за креирање на социјални претприејатија како и модели на социјално претприемништво.
Клиенти: Во претходните години сме работеле со различни клиенти во доставување на бизнис обуки, како што се: ГТЗ канцелариите во регионот, Светска банка, ЦЕЕД Скопје, Европската агенција за реконструкција и развој, МИКРОСАМ Прилеп, Mакедонски општини, Асоцијацијата за туризам на Црна Гора, СПАРК Амстердам, Бизнис Инкубатор – Битола, Национален Младински Совет на Македонија и многу други.