Објавено на ноември 30th, 2020 | од admin
0Светски курс за претприемништво
Професор Michael Goldberg од Case Western Reserve University (CWRU) , во соработка со Американската амбасада во Р. Македонија и ЦЕФЕ Македонија, организираат група за курсот „Надвор од Силиконската долина“ кој ќе се оддржи од 12 до 28 јануари, 2021 година, за учесници од Р.С. Македонија. Професорот Мајкл Голдберг за првпат го започнува овој курс во април 2014 и привлекува повеќе од 175 000 студенти од 190 различни земји во последните 5 години. Курстот „Надвор од Силиконската Долина“ е преведен на 16 јазици (повеќето на платформата Coursera), вклучувајќи го и македонскиот.
Во 2018 година, професор Голдберг организира група на учесници од Сирија во соработка со група студенти од CWRU. Главниот фокус на групата бил креирање на препораки за поефикасна поддршка на пост-конфликтните стартапи во Сирија, од страна на сирискиот претприемачки екосистем. Студентите понудиле препораки до УНДП, а овде можете да погледнете кратко видео од соработката. Слични курсеви и соработка со студенти има организирано со студенти од Венецуела, Колумбија и Јужна Африка.
Ги повикуваме сите заинтересирани на темата за поддршка на развојот на претприемништвото да се вклучат во овој онлајн курс. Можност да се вклучат имаат претприемачи, инвеститори, студенти и бизнис лидери. Студентите ќе ги следат онлајн видеата од „Надвор од Силиконската Долина“ и за време на курсот ќе учествуваат на дискусиите во живо преку платформата ЗУМ за да дискутираат на различни теми со гости говорници од целиот свет.
Дискусиите во живо ќе се реализираат во вторници, среди и четвртоци од 18.00-19.00 часот (12.00 – 13.00 EST) почнувајќи од 12 јануари и завршувајќи на 28 јануари, 2021 година. Исто така, две сесии ќе бидат одржани во саботи ( 12ти и 23ти јануари,2021) Сесиите ќе бидат снимени за студентите кои нема да бидат во можност да ги следат во живо.
За да го извлечат максимумот од курсот, очекуваме македонските студенти да ги завршат задачите од курсот паралелно со студентите од CWRU и да посетат што е можно повеќе сесии во живо.
Доколку сте заинтересирани за учество, пополнете ја пријавата за учество. Професорот Голдберг, Американската амбасада во Скопје и ЦЕФЕ Македонија ќе ги селектираат учесниците во групата. Крајниот рок за поднесување пријава за учество е до 15ти декември, 2020 година.