Резултати од програмата за самовработување на УНДП, АВРМ, АППРМ и МТСП

Во 2015 година конуслтантите на ЦЕФЕ Македонија – Деан Стојановски и Јован Сталевски се приклучија на проектот за самовработување www.samovrabotuvanje.mk кој е реализиран од Агенцијата за вработување на Република Македонија (АВРМ) со своите Центри за вработување, Министерството за труд и социјална политика (МТСП), Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) и Агенцијата за поддршка на претприемништвото на Република Македонија (АППРМ).

За потребите на проектот консултантите изработија 6 бизнис планови од кои сите добија грантови за реализација на бизнис идејата. Им честитаме на претприемачите и стоиме и понатаму во нивната поддршка.

Циклус Бизнис План Претприемач Град Освоено место на бизнис план натпревар Консултант
2015/2 Фризерско – козметичко студио „Ема Плејс“ Емилија Костадиноска Прилеп 2 Јован Сталевски
2015/2 Автоелктричарски сервис „АвтоМото Зоки“ Зоран Петровски Прилеп 4 Јован Сталевски
2015/1 Веб дизајн „Аридура“ Никола Наумовски Битола 5 Деан Стојановски
2015/1 Бистро „Медрано“ Жанета Здравковска С. Новаци 7 Јован Сталевски
2015/1 Музичко студио „Драгор Мол“ Игор Темелковски Битола 15 Јован Сталевски
2015/1 Студио за реклама „Студио Кочов“ Влатко Кочов Битола 24 Деан Стојановски

 

Резултати од Циклус 1 најдете тука.

Резултати од Циклус 2 најдете тука.