Вести

Објавено на март 2nd, 2017 | од admin

0

12. Проект за претприемачко знаење кај младите

Име на проектот:претприемачко знаење кај младите
Програма:Еразмус+
Временска рамка:1-ви февруари 2017 – 31-ви јануари 2019
Опис на проектот:
Проектот ќе понуди неформални активности на 60 млади – 20 од Македонија, 20 од Романија и 20 од Грција, со цел развивање на трансферзални и претприемачки вештини.
Со активностите од проектот, на 60-те млади ќе им се понуди потребното знаење за да станат претприемачи. Неформалните активности ќе креираат простор во којшто младите, преку 9 работилници, ќе ги развиваат сопствените бизнис планови потпомогнати од професионалци и 2 финансиски институции. Во зависност од темите коишто преовладуваат низ младинските идеи, помагачи ќе бидат: 4 претприемачи, 2 бизис советници, сметководител, адвокат и експерти за производство/услуги. Овие активности ќе го обезбедат потребното време за 60-те млади да развијат претприемачки вештини и да разберат што значи да се биде претприемач и како тој планира и реагира во различни ситуации. Потоа, тие ќе го симулираат стартап бизнисот и ќе се здобијат со вештини на динамичен претприемач и ќе го симулираат вработувањето, пронаоѓањето партнери, добавувачи и процесот на развивање на производот/услугата. Со оваа активност, 60-те млади ќе развијат практични претприемачки вештини со тоа што ќе искусат што значи да се биде претприемач.
Проектот ќе креира простор во којшто 60-те млади ќе ги развиваат постојано претприемачките способности и ќе се запознаат со професионалци од бизнис-секторот, коишто ќе ги информираат за новостите и ќе им го пренесат своето знаењето во однос на организациски менаџмент, логистика, финансиски менаџмент, производство/услуги и менаџмент на човекови ресурси. Базата на податоци ќе служи како простор во којшто младите ќе ги развиваат претприемачките вештини во еден интеркултурален контекст адекватен на европските трендови.
Трите организации практично ќе ги развиваат младинските претприемачки вештини. Врз основа на резултатите, повратната информација, новите потреби и добиените нови идеи за време на спроведувањето, тие ќе создадат нова програма за да креираат нови начини на пренесување на информациите во однос на претприемачкото знаење помеѓу младите.
Организацијата исто така ќе го подржи претприемништвото кај младите преку интелектуални аутпути. Интернет курсевите ќе ги научат младите на најважните аспекти од претприемништвото. Претприемачкото списание ќе им понуди на младите практичен поглед врз претприемништвата и социјалното претприемништво, трендови и примери, совети и трикови. Трите организации ќе развијат компјутерска програма за претприемништво за да ѝ олеснат на младината да ги оствари своите идеи. Програмата ќе ги води младите и ќе им помогне да направат бизнис-план, да креираат различни ситуации и да започнат бизнис.
Проектот ќе создаде организациска мрежа која ќе поддржува развој на претприемачките вештини кај младите и интеракција помеѓу бизнис-секторот и младите.
Проектот се темели врз интенационалниот систем на човекови права – промовирање родова еднаквост помеѓу учесниците, земајќи ги предвид потребите, стремежите, интересите и однесувањата на младите за време на процесот на создавање интелектуални аутпути, подобрен дијалог и размена на знаење и стручност.
За повеќе информации околу проектот следете ја нашата Интернет и facebook страница


За авторот



Comments are closed.

Back to Top ↑