Вести

Објавено на февруари 20th, 2017 | од admin

0

Пред-акцелераторска програма за жени со бизнис идеи

Цефе Македонија се приклучува на уште една возбудлива и практична тренинг програма  која е извонредна можност за сите оние кои имаат креативна бизнис идеја и имаат потреба од помош при реализација на истата.

Станува збор за пред-акцелераторска програма за жени кои имаат бизнис идеи или жени сопственици на фирми/стартапи. Потребните информации за оваа извонредна можност погледнете ги тука.

Сигурни сме дека секој претприемачки ум ќе сака да ја искористи можноста да се поврзе со инвеститори, други претприемачи со веќе развиен сопствен бизнис и експерти кои ќе ги споделат совети и искуства, за да се биде поблиску до остварување на своите лични претприемачки амбиции.

Оваа програма е подржана од Швајцарската амбасада, Increasing Market Employability – IME,Национален младински совет на Македонија – НМСМ, CEED HUB Skopje,CEFE Macedonia – ЦЕФЕ Македонија.

Ве охрабруваме брзо да реагирате и да се пријавите до крајниот рок, на 28.02.2017

За повеќе информации околу начинот на аплицирање и програмата, испратете е-маил на info@cefe.mk или на телефонскиот број 078/241-181


За авторот



Comments are closed.

Back to Top ↑