Објавено на февруари 12th, 2017 | од admin
0Повик за учество на тренинг
Користењето на ИКТ за подобрување на доживотното учење
Име на проектот: Онлајн портфолио – Користењето на ИКТ за употреба и подобрување на доживотното учење
Програма: Еразмус+
КА1: Мобилност на младинските работници
Организатор: K.A.NE Социјален младински развој (www.ngokane.org)
Партнери: ЦЕФЕ-Македонија заедно со други младински организации од 28 држави-членки на Европската Унија вклучувајќи ги и Исланд, Линхенштајн, Норвешка и Турција.
Наменето за: членови на младински организации, младински центри, вработени во органи коишто работат со млади, социјални работници и волонтери во младински организации
Краен рок за пријавување: 10 Март 2017
Временска рамка на обуката: 17.04.2017-23.04.2017
Место на одржување на обуката: Каламата, Грција
Проектот е финансиран од Еразмус+ lump sums-фондови.
Опис на проектот:
„Општата цел на портфолијата е да се создаде чувство на сопственост врз личните достигнувања, затоа што сопственоста создава чувства на гордост, одговорност и посветеност.“ – Paris & Ayres. (1994).
Цели на проектот
- Да се истражи употребата на онлајн портфолијата како средство за запишување, потврдување и презентирање на вештините и способностите стекнати преку неформалното образование и доживотно учење
- Да се истражи како новите технологии играат улога во зајакнувањето на можностите за вработување на младите.
- Да се размислува за употребата на онлајн-портфолијата како алатка за потребните вештини и способности коишто се барани на пазарот на труд и коишто се развиени преку доживотното учење
- На учесниците да им се покажат начините на креирање онлајн-портфолија, со цел да имаат можност да ги прикажат истите на младите соработници
- Да им се помогне на учесниците поефикасно да ја користат технологијата, компјутерите и мултимедијалните апликации како алатки за да се поттикне и да се зајакне позицијата на младите со намалени можности на пазарот на труд.
- Да се споделат знаења за Еразмус+ програмата и да се создаде мрежа за развој на заеднички проекти во блиска иднина.
На овој тренинг, Цефе Македонија како партнер организација ќе испрати два учесници од Македонија.
Пополнeтиот формулар за пријавување испратете го на Info@cefe.mk или на elena.g@cefe.mk најдоцна до 10 Март 2017.
Агендата на обуката погледнете ја на следниот линк