Повик за учество на состанок за креирање на Стратешки план на ЦЕФЕ Македонија

ЦЕФЕ Македонија организира онлајн средба со заинтересирани учесници за:

  1. Презентација на активности и производи од SE4Y – Социјално претприемништво за млади ( 18.00 – 18.30 часот)
  2. Креирање на Стратешки план за тековните и идните активности на ЦЕФЕ Македонија – интерна средба со ЦЕФЕ Обучувачи (18.40 – 19.30)

Онлајн средбата ќе се одржи во среда, 26.01.2022 година, со почеток од 18:00 часот, на платформата ZOOM. Учесниците на првиот дел од средбата ќе имаат можност да се запознаат со SE4Y проектот, со тековните активности, резултатите и бенефитите за општеството кои ги нуди овој проект.

На вториот дел од средбата, заинтересираните ЦЕФЕ обучувачи ќе имаат можност да дадат свои предлози и идеи за креирање на Стратешкиот план, а исто така и да се запознаат со тековните активности и производи на кои моментално работи ЦЕФЕ Македонија.

Сите заинтересирани можат да го пријават своето учество на следниот линк: https://forms.gle/EiUCEugH7BxKBVPC9. Ќе добиете дополнително линк за онлајн средбата на вашиот емаил.