Вести

Објавено на мај 4th, 2017 | од admin

0

Повик за учество на обука за бизнис вештини во Скопје

ЦЕФЕ Македонија ве поканува на обука за претприемништво и бизнис планирање, во Скопје.
Главната цел на овие обуки е да ве обучи и да ви даде знаења и вештини за бизнис активностите како и подигање на свеста на кандидатите за можностите кои ги нуди започнувањето самостоен бизнис.

За кого е оваа обука?

За сите потенцијални и постоечки претприемачи (за да ги надоградат своите бизнис перформанси), вработени во организации кои го помагаат претприемништвото (за да можат да ги разбираат потребите на прпетприемачите и да овозможуваат подобра околина за нив), едукатори, креирачи на политики, родители, вработени, студенти, како и невработени лица. На обуката по претприемништво, ќе се усовршуваат вештини од генерирање и селекција на идеи, преку организација, маркетинг, истражување на пазарот, финансирање, се до главната цел, да се креира бизнис план.
Обуките ќе се одржуваат по светски познатата ЦЕФЕ методологија, која што повеќе од 30 години покажува дека праксата е најдобриот учител за стекнување бизнис компетенции. Оваа метода содржи вежби кои се интерактивни и практични, како и симулации на реални ситуации кои ги ставаат учесниците во чевлите на еден претприемач или тим идаваат дополнителна вредност на целокупното стекнато знаење.

Теми кои ќе се разработат на обуката се:

-Лични претприемачки карактеристики
-Генерирање и селекција на идеи
-Поставување на цели и менаџирање на околина
-Организација и производство
-Маркетинг и истражување на пазар
-Финансиски менаџмент
-Бизнис планирање

После оваа обука вие ќе бидете способни да:

-Го препознаете својот претприемачки капацитет;
-Воспоставите мрежа на бизнис контакти;
-Ги разберете клучните структури и принципи на претприемачкото планирање;
-Ги разбирете основните принципи на фнкционирање на пазарната економија;
-Знаете како да го проценувате вашиот удел на пазарот;
-Го препознаете влијанието на окружувањето врз вашата работа;
-Сте свесни за слабите и јаките страни на својата бизнис идеја и конкуренцијата;
-Ги пресметате основните средства;
-Изготвите биланс на состојба;
-Постигнете подобри резултати во водењето на компанијата, користејќи инструменти за финансиска анализа и планирање.

Производи кои ќе ги понесете од оваа обука се:

-Рафинирана бизнис идеја која одговара на личноста
-Канали за Финансирање на Вашиот бизнис и Вашата бизнис идеја
-Изработена СВОТ анализа
-Студија од пазарот
-Како до финансиски план
-Како до бизнис план

Обуката е дизајнирана да се реализира во 5 дена, а целите ќе се постигнат во неколку сесии составени од практични и интерактивни вежби, дискусии, истражувања, фидбек сесии, работа на терен, работа во мали групи и минимум теоретско предавање.

Кој ќе не обучува?

Обуките ќе ги водат сертифицирани ЦЕФЕ обучувачи. Сите со долгогодишно искуство како обучувачи, бизнис консултанти и консутанти за личен развој.

КОГА ќе се одржува? 

22 – 26 Мај 2017 година. Сесиите на обуката ќе траат од 16:00ч до 20:00ч.
Истражувањата ќе се одвиваат во пладневните часови.

КАДЕ? 

Обуката ќе се реализира во просториите на ЦЕФЕ Македонија, на ул. Партизанска 27а, во Скопје (веднаш до Т.Ц. Буњаковец, над Комерцијална Банка).
ВАЖНО: Местата се ограничени на 25 учесници.

Што добивам дополнително?

-Секој кој што успешно ќе ја заврши обуката (активно присуство на најмалку 80% од обуката) се стекнува со сертификат издаден од ЦЕФЕ Македонија и потпишан од обучувачите (наскоро и признаен од Центар за Образование на возрасни на Р.Македонија).
-Материјали во печатена форма;
-Листа на контакти за ваше идно вмрежување и соработка;
-50% Попуст за дополнителни консултации при изработката на професионален бизнис план;
-Освежување, кафе и храна за време на обуката;

Што треба да инвестирам за себе? 

Покрај време и посветеност, се очекува од учесниците да инвестираат и мали финансиски средства.
Реалната – пазарна цена на чинење за овој тип на обука е 18.000 денари по учесник.
Благодарение на мисијата на ЦЕФЕ Македонија, оваа обука ќе ви биде овозможена со инвестиција од само 4.200 денари*

Промотивни услови:

1. За рано пријавување и уплата до 12 Мај, следува 30% попуст (или 3.000 денари).
2. За групно пријавување, следува попуст од 15% (или вкупно 3.500 денари) за вториот учесник и 30% (или вкупна цена од 3.000 денари) за третиот.
3. За невработени лица и студенти, попустот изнесува 20%, (или 3.360 денари) а истиот се одобрува со приложена потврда од Агенција за Вработување на РМ или индекс.

Како да се пријавам? 

Пријавете се со пополнување на електронската пријава со целна дознака „Обука за претприемништво“ до 18 Мај 2017 година. Потврдата на учеството се обезбедува со уплатената сума на сметка на организаторот.

Контактите на организаторот на настанот од ЦЕФЕ Македонија:
Кристијан Костовски, 078/241-181; k.kostovski@cefe.mk; info@cefe.mk

Само инвестицијата во себе е сигурен капитал,

Ве очекуваме да соработуваме.

*– Во случај на поголем број пријавени кандидати ЦЕФЕ Македонија го применува принципот „first come – first served“ (во случајот: прв пријавен – прв услужен).

– Во политиката на работа на ЦЕФЕ Македонија нема исклучоци при плаќањето на надомест за учество доколку лицето отсуствува на дел од обуката или е претставник од здружение на граѓани.

Погледнете дел од атмосферата на претходните ЦЕФЕ обуки

Future Entrepreneurship Ambassadors

Бизнис планирање за жени претприемачи

Претприемачки Гази Баба


За авторот



Comments are closed.

Back to Top ↑