Повик за обука за наследници на фамилијарни бизниси со Зоран Витанов

Тема сосем нова за регионот во коj живееме, но посебно важна за млада држава како што е Македонија. Ова е периодот кога повеќето бизниси основани по осамостојувањето на нашата држава, треба да прејдат во рацете на новите генерации.

  • Како да се изведе процесот на предавање на бизнисот?
  • Кога е правото време за предавање на бизнисот на следната генерација?
  • Дали наследникот треба да остане во фирмата или да замине да работи за друга компанија за да се стекне со дополнително искуство?
  • Дали фирмата треба да се постави член од семејството како извршен директор или да се назначи надворешен управник а семејството и понатаму да управува со фирмата?
  • Кои се предностите и недостатоците на семејните бизниси?

Бидејќи ние знаеме колку се важни одговорите на овие прашања за сите млади наследници на фамилијарни бизниси, на 18ти Мај, 2018 година, во просториите на Стопанска Комора на Македонија, со почеток од 10:00 часот, ќе биде одржана првата од трите предвидени обуки во рамките на проектот ФАБУСС. На првата обука ќе бидат обработени следниве две теми:

  • Воочување на проблемите на фамилијарните бизниси
  • Транснационални сличности и разлики

Обуките ќе ги води господинот Зоран Витанов, еден од основачите на ЦЕФЕ Македонија, неверојатно успешен бизнисмен, но воедно и консултант и обучувач на теми поврзани со претприемништво, маркетинг, финансии и развој на бизниси. Се работи за личност која во Македонија, па и пошироко, успеа да инспирира илјадници луѓе да се впуштат во претприемачките води, а воедно им помогна и при нивното градење во успешни претприемачи.

Со оглед на тоа дека примерите за наследување на фамилијарните бизниси во Македонија се многу ретки, преку овие две теми ќе можете да се здобиете со следниве информации поврзани со фамилијарните бизниси:

  • Што може да се случи при процесот на наследување?
  • Како со тој процес маневрираат бизнисите во другите држави?
  • Какви решенија произлегле при справувањето со настанатите проблеми?

Освен обуките, во рамките на проектот е создадена и онлајн платформа која учесниците ќе може да ја користат за превземање на дигитални матријали, но воедно преку оваа платформа исто така ќе им биде овозможена и комуникација со учесниците на обуките во останатите држави, учеснички во проектот.

Доколку сте потенцијален наследник на фамилираен бизнис, имате од 18 до 35 години и барате одговор на овие прашања, пополнете ја онлајн апликацијата и потврдете го вашето учество со клик на следниов линк.

*Напомена: Крајниот рок за пријавување е 15.05.2018, а бројката е ограничена на 30 учесници.