Објавено на јули 6th, 2018 | од admin
0Овозможивме платена пракса за 50 млади во Косово
Среќни сме да објавиме резултати од практичната работа и кариерниот развој на 50 млади во Северно Косово.
Ве периодот јануари, февруари 2018 година, ЦЕФЕ Македонија обучи 50 млади од Косово, со вештини за вработување и задржување на работното место. За да ги зајакне нивните компетенции и да придонесе кон нивно вработување ги поврзавме со 30 бизниси од Северно Косово, каде што младите извршуваа платена пракса во периодот април, мај и јуни.
Бизнисите беа од секторите производство и услуги и тие назначија свои ментори кои што ги подучуваа младите луѓе за да станат квалификувани вработени во нивната професија. Праксата се одвиваше во Косовска Митровица, Жубин Поток, Звечан, Лепосавич и други места во Северно Косово. За извршувањето на праксата, ЦЕФЕ Македонија обезбеди месечен хонорар за секој практикант од 150 евра, бруто износ.
Мултиетничноста на практикантите (Срби, Албанци, Бошњаци и Роми) доведе до размена на културни вредности и предзвици кои ги направија младите свесни и компетентни да работат во мултикултурна средина.
По завршувањето на праксата околу 10 практиканти останаа да работат на позициите на кои што беа, 2 практиканти си отворија сопствени бизниси а останатите се мотивирани и активно се вклучуваат на Косовскиот пазар на труд. Вкупната оценка од учесниците за задоволството од практичната работа, изнесува 4.85 од 5, што ја покажува важноста на праксата во кариерниот развој на младите.
Оваа можност е остварена во рамки на проектот Млади, Вработување и Вештини (Youth Employment and Skills – YES), кој што е имплементиран преку Германско – Косовската Соработка и ГИЗ Косово (Deutsche Gesellschaft für Internationale Zusammenarbeit (GIZ) GmbH). ЦЕФЕ Македонија, како подизведувач во овој проект, придонесе за остварување на целта: зголемување на вработливоста на младите меѓу 15 и 35 години во Косово, преку остварување на обуки и пракса за зацврстување на нивните технички и меки вештини.
Во рамки на овој проект ЦЕФЕ Македонија организираше:
- Обуки за меки вештини за 50 млади од Северно Косово
- Настан за вмрежување и мечирање на барачите и понудувачите на работа
- Тримесечна пракса за 50 млади во компании во Северно Косово.
Фотографиите и подкастот од успешните приказни од практичната работа може да ги погледнете на нашиот Фејсбук пејџ.