Обука на тренери за претприемништво во Холандија

Од 21ви до 30ти Ноември 2016 година, ЦЕФЕ Македонија беше партнер и дел од обука за тренери и претприемачи која се одржа во Лосер, Холандија.

Обуката е дел од проектот „Coaching for trainers and entrepreneurs“ на Холандската организација Stichting Incombinacion, финансиран од програмата Еразмус + на Европската Комисија.

За време на девет-дневната обука, обучувачите на ЦЕФЕ Македонија, Зоран Витанов и Јован Сталевски со својата експертиза им овозможија на 20 нови тренери од 10 европски земји (Македонија, Грција, Бугарија, Италија, Шпанија, Холандија, Романија, Полска, Естонија и Словачка) да станат независни тренери по претприемништво.  Покрај овие земји, учесници имаше и од Турција и Португалија.

Покрај обуката, прекрасната организација на Stichting Incombinacion ни овозможи и едукативна посета на YES Delft – бизнис инкубатор во склоп на најпрестижниот универзитет во Делфт, каде видовме бројни технолошки иновации од страна на компаниите во инкубаторот.
Се запознавме и со  EYES International – интернационално друштво за несекојдневни млади претприемачи, и нивната култура на споделување, поддршка и вмрежување.

Покрај запознавањето со мал дел од претприемачкиот еко систем, имавме и можност директно да го истражиме пазарот во Холандија за нашите идеи и бизниси.

Овај проект е продолжение на ланскиот тренинг на тренери Future Entrepreneurship Ambassadors, кој се одржа од 5ти до 18ти Октомври во Кајзери, Турција.

А продолжение на овој проект, останува да видиме што ќе произведат новите партнерства… 🙂

Погледнете ги сликите од извонредната атмосфера на обуката.