Вести

Објавено на мај 28th, 2019 | од Trajche Anastasov

0

Обука за деловна комуникација

Професионалната комуникација и техниките на преговарање во поголема или помала мера се присутни во сите активности на современиот деловен човек. Ефикасната деловна комуникација е од суштинско значење за креирање и одржување на успешна компанија, па затоа, основните функции на менаџментот (планирање, организирање, кадровско екипирање, насочување и контрола) не можат да се изведат без ефективна комуникација која е регулирана со одредени правила и норми.

Со оглед на тоа дека компаниите и поединците имаат се поголема потреба од регулирање и усовршување на комуникацијата внатре во самата организацијата, но и надвор од неа при преговарање со клиенти, ЦЕФЕ Македонија организира обука за „Деловна комуникација и преговарање“, која ќе одговори на овие потреби.

Целта на оваа обука е унапредување на комуникациските вештини во деловното опкружување со акцент на подобрување на личната комуникација, меѓучовечките односи и подобрување на перформансите во однос на справување со секакви клиенти и соработници.

За кого е наменета оваа обука?

Од оваа обука ќе имаат корист сите што се во секојдневна професионална комуникација и преговарање со клиенти и добавувачи, менаџери, продажни агенти, обучувачи, лица што работат во сектори за грижа за корисници и секој што сака да ги подобри и организира своите вештини за многу кратко време, но и да се стекне со вештини за креација на оптимизиран канал на комуникација со сите лица со кои доаѓа до вербална и невербална комуникација.

Што ќе добиете по обуката

  • Разбирање на различните стилови на комуникација
  • Посветеност на вработените и клиентите кон фирмата и производите/услугите
  • Поголемо разбирање и доверба помеѓу вработените и клиентите
  • Поголем број на задоволни корисници и нивна лојалност
  • Свесност за можностите и однесувањата на клиентите во различни комуникациски ситуации
  • Ефективни преговори и разбирање на процесот на преговарање
  • Разбирање на пристапот победник-победник

Програма

Обуката ги опфаќа следниве области:

  • Комуникациски стилови
  • Вербална и невербална комуникација – значење
  • Активно слушање, парафразирање
  • Поставување на прашања
  • Пишана комуникација
  • Асертивна комуникација – примена и значење
  • Емпатија во комуницирање со клиенти / колеги
  • Пречки во комуникацијата
  • Преговарањето како процес на соработка
  • Техники на преговарање
  • Што се Win-Win ситуации

Методологија

Начинот на кој што се изведуваат нашите обуки е по светски познатата ЦЕФЕ методологија, која веќе 30 години континуирано дава резултати, се подобрува и иновира според добиениот фидбек од клиентите.

Методите кои што се применуваат во обуките: структурирани вежби за искуствено учење, симулации, играње на улоги, студии на случаи, минимални предавања, групна работа, коучинг и работа на терен.

Материјали

Во текот на обуката учесниците ќе добијат материјали за деловна комуникација и деловно преговарање на македонски јазик во печатена и електронска форма кои ќе можат и понатаму да ги користат во секојдневната работа.

Обуката е дизајнирана за реализација со времетраење од два дена (09:00 – 17:00 часот) и ќе биде одржана на  28ми(Петок) и 29ти(Сабота) јуни 2019, во просториите на ЦЕФЕ Македонија,  Бул. „Партизански Одреди бр. 27/А/3 (Над Комерцијална Банка во Т.Ц Буњаковец).

Вашата инвестиција за оваа обука ќе изнесува 6. 000 денари.

Во политиката на работа на ЦЕФЕ Македонија, изборот на учесници се прави по принципот, прв дојден, прв услужен, а уплатата ќе може да се изврши на две рати.

Бидејќи местата се ограничени, Ве молиме резервирајте го вашето место навреме со регистрација на следниов линк.

За повеќе информации, обратете се на нашиот контакт телефон: 078/201-854 или на е-меил: info@cefe.mk


За авторот



Comments are closed.

Back to Top ↑