Меѓународна обука на обучувачи според ЦЕФЕ методологија

Од 15-ти до 25-ти Март 2014 година во Хотел Молика Битола, ЦЕФЕ Македонија одржа обука за 27 обучувачи (тренери и едукатори) од 9 земји (Грција, Романија, Турција, Албанија, Грузија, Македонија, Бугарија, Белорусија, Литванија) обезбедувајќи им можност во текот на 10 дена се здобијат со вештини и знаења за ЦЕФЕ методологијата, како да го развиваат претприемаштвото и малите и средни претпријатија во нивните земји, како еден од начините за намалување на невработеноста.

Обуката беше дел од проект финансиран од Европска Комисија во рамките на програмата Млади во акција кој имаше за цел да се разменат идеи за проблемот на невработеноста кај младите, преку поттикнување на мобилноста на младите невработени луѓе и развој на претприемaштвото. Исто така, проектот обезбеди можности за вмрежување и зајакнување на капацитетите на невладините организации и размена на искуства, експертиза и добри практики.