Вести
Објавено на ноември 17th, 2017 | од admin
0Коучинг за нови ЦЕФЕ обучувачи во Грузија
Од 03 до 12 ноември 2017 во Грузија им беше спроведен коучинг и се лиценцираа нови ЦЕФЕ обучувачи. Новите тренери се раководители на образовни институции и ги обучуваа нивните наставници како на искуствен начин да им го доближат претприемништвото на младите. Коучингот го водеа Зоран Витанов, еден од основачите и обучувач на ЦЕФЕ Македонија и Лора Дорн од ЦЕФЕ Интернационал.
Пред коучингот обучувачите учествуваа на тренинг за тренери организиаран и спроведен од ЦЕФЕ Интернационал во траење од 15 дена.
Проектот е финансиски поддржан од ГИЗ Грузија.