Конгрес за Искуствено Учење – Истанбул 2020

ELCON’2020 https://www.elcongress.com/ ќе се организира како виртуелен настан на 23-24 октомври 2020 година во Истанбул, со почесното присуство на Алис Ј.Колб и Дејвид А.Колб (основоположник на моделот за исксутвено учење – на кој што се заснова и целосната ЦЕФЕ Методологија). Конгресот има за цел да ги собере водечките академици, креатори на политики, независни научници, истражувачи, едукатори и обучувачи за да ги споделат своите знаења, нови идеи, како и да разговараат за идниот развој во искуствено учење и образование.

Дополнителна цел на ELCON’2020 е да обезбеди можност за академици, професионалци, невладини организации, истражувачи, наставници, дипломирани студенти и секој што се посветил на искуствено учење и образование да се сретнат и да комуницираат едни со други. 

Обучувачи од ЦЕФЕ Македонија (Јован Сталевски) заедно со своите колеги од ЦЕФЕ Венецуела (Хуан и Лора Моја) и ЦЕФЕ Филипини (Ангелита и Рене Резорекшн) ќе го водат панелот за „придонесот на искуственото учење во развој на претприемачките компетенции“. 

Панелот, според агендата ќе се одвива на 23ти октомври од 14 до 15 часот (турска временска зона). Или од 13 до 14 часот по Македонско време. За останатите временски зони може да го користите тајм зоун конвертор.

Конгресот ќе биде на англиски јазик.

Пријавете го вашето учество за конгресот најкасно до 19 октомври 2020 на следниот линк.