Вести
Објавено на февруари 23rd, 2021 | од admin
0Календар на обуки 2021 – ЦЕФЕ Македонија
Ви го преставуваме календарот на обуките кои што ќе ги реализираме оваа 2021 година.
Обуки:
Академија за развој и пишување на проектни предлози
- Времетраење: Вкупно 40 часа
- Кога: 7 недели во март и април. Еднаш годишно!
- Методологија: искуствено учење со микс на далечинско учење, онлајн семинари, менторство, работа на проектна задача, гемификација.
Обука за обучувачи
- Времетраење: 24 часа
- Кога: Група 1 во мај 2021 и Група 2 во септември 2021
- Методологија: искуствено учење со микс на далечинско учење, работилници во живо, практични вежби, онлајн семинари, менторство.
Интензивен курс за менаџмент и лидерски вештини
- Време: 24 часа
- Кога: група1 во јули 2021, група 2 во октомври 2021
- Методологија: искуствено учење со микс на далечинско учење, работилници во живо, практични вежби, онлајн семинари, менторство.
Бизнис Академија – креирање на компетентни претприемачи
- Време: 56 часа
- Кога: Октомври, ноември и декември 2021
- Методологија: ЦЕФЕ методологија за креирање претприемачи, структурирано искуствено учење, симулирање на реални бизнис ситуации, искуствени игри за бизнис развој, мултидимензионално учење (преку правење, музика, играње, уметност, социјализација, природа)
Обуки за бизнис вештини
- Времетраење: 20 часа
- Кога: група 1 во ноември и група 2 во декември 2021
- Наменети за лица со помалку можности (попреченост, слаба економска состојба во семејство, рурални средини, од социјални центри, малцинства).
- Методологија: ЦЕФЕ методологија за креирање претприемачи, структурирано искуствено учење, симулирање на реални бизнис ситуации, искуствени игри за бизнис развој, мултидимензионално учење (преку правење, музика, играње, уметност, социјализација, природа)
Обуки за креирање на социјално претпријатие
- Времетраење: 16 часа
- Кога: септември, октомври 2021
- Наменети претежно за лица со помалку можности (попреченост, слаба економска состојба во семејство, рурални средини, од социјални центри, малцинства).
- Методологија: ЦЕФЕ методологија за креирање претприемачи, структурирано искуствено учење, симулирање на реални бизнис ситуации, искуствени игри за бизнис развој, мултидимензионално учење (преку правење, музика, играње, уметност, социјализација, природа)
Обука за ЦЕФЕ обучувачи
- Времетраење: 120 часа
- Кога: август 2021
- Каде: Пловдив, Бугарија
- Методологија: ЦЕФЕ методологија за креирање претприемачи, структурирано искуствено учење, симулирање на реални бизнис ситуации, искуствени игри за бизнис развој, мултидимензионално учење (преку правење, музика, играње, уметност, социјализација, природа)
Напредна обука за креирање на искуствени обуки
- Времетраење: 48 часа
- Кога: јуни 2021
- Каде: Струга, Македонија
- Наменета за обучувачи, фасилитатори, едукатори, професори, учители, советници, коучеви, ментори, лидери, раководители на човечки ресурси
- Методологија: ЦЕФЕ методологија за бизнис и менаџмент вештини, структурирано искуствено учење, симулирање на реални бизнис ситуации, искуствени игри за бизнис развој, мултидимензионално учење (преку правење, музика, играње, уметност, социјализација, природа)
ЗОШТО обуки во ЦЕФЕ Македонија?
- 30 годишно знаење и искуство на кое може да се верува во Македонија и светот;
- 30 години фокусирани на креирање конкурентни економии преку оформување на компетентни индивидуи (претприемачи, лидери, менаџери, интрапретприемачи);
- Сме обучиле повеќе од 10.000 индивидуи во земјата и странство;
- Како непрофитна организација, сите фондови одат за економски развој на општеството преку едукација, обука и помагање на луѓето да ги остварат своите идеи;
- Стоиме 100% зад квалитетот на нашите услуги со гаранција за успех на секој наш клиент;
ШТО вештини може да добиете преку ЦЕФЕ Македонија?
- Претприемништво
- Бизнис планирање
- Менаџмент
- Проектно планирање и менаџирање
- Социјално претприемништво
- Зелени бизниси
- Развој и успешно наследување на семејни бизниси
- Развој на обучувачи и фасилитатори
- Развој на ментори
- Меки вештини: личен развој, поставување цели, менаџмент на време, баланс меѓу професионален и личен живот, комуникациски вештини, тимска работа, лидерство, вмрежување, личен брендинг, раководење и планирање на лични финансии, решавање на проблеми и конфликти, носење одлуки, водење состаноци …и др.