Објавено на март 10th, 2021 | од admin
0Како до +30.000 евра за вашата проектна идеја? Академија за пишување и развој на проектни предлози
Пишувањето на твојот Европски проект, може да биде како да го барате патот кога сте изгубени. Доколку ви се случило тоа и не сте успеале, тогаш знаете дека најдобриот начин е да имате некој што ќе ве води. Некој што веќе го поминал тоа и може да ви го покаже патот. Но, не само тоа. Најдобро би било да имате ментор, кој може да ве охрабри, мотивира, и да ви помогне да го завршите својот проект.
Токму поради тоа ја започнавме академијата за пишување и развој на проектни предлози која има за цел да ви ги покаже најдобрите стратегии за да го напишете вашиот најдобар Европски проект до сега. Сакаме да ви дадеме знаење, стратегии, вештини и техники како да напишете проект за вашите идеи и да добиете средства за негова реализација.
ЗА АКАДЕМИЈАТА
Доколку имаш идеја, дали веднаш ја отвараш апликацијата и започнуваш да внесуваш податоци? Дали тоа е најдобар начин? Најефикасен? Дали е стратегија?
Започнувајќи од тоа, започнавме да истражуваме и да пробуваме да ги споиме ЦЕФЕ методологијата за развој на претприемачки компетенции и бизнис идеи и Еразмус+ програмата и проектите кои бараат вештини и компетенции за решавање на проблеми низ светот.
Со комбинација на искуствените вежби од ЦЕФЕ, нашето 15 годишно обучувачко исксутво во менаџирање на проектите и онлајн учењето и искуството на интернационални експерти, ги креиравме алатките и методите кои што ќе ви ги дадеме на вас:
- Најкратко време за увид и подготовка на проектна апликација,
- Подлабок увид на проблемите и решенијата кои се нудат со идејата,
- Наоѓање на иновативни начини за решение на проблемите,
- Генерирање на целокупните потребни информации за полесно да може да се стават во проектна апликација,
За кого е дизајнирана оваа академија:
- Претставници од граѓански сектор (нво, фондации, институти)
- Бинис сектор (едукативни бизниси – консалтинг, едукација, јазични студија, академии, фирми кои имаат едукативни настани за развој на нивни вработени, итн…)
- Едукативен сектор (училишта средни основни, приватни и државни факултети)
- Државни институции (сите кои што имаат едукативни активности и се заинтересирани за развој на проекти)
- Секој што сака да ги реализира своите идеи
Ги прашавме заинтересираните учесници за оваа академија. Кои се нивните потреби и барања и мотиви за да инвестираат финансиски средства и + 40 часа од нивниот живот?
- Да се научам да пишувам проект
- Да аплицирам на одреден конкурс
- Добијам финансии за идејата
- Да обезбедам ресурси за организацијата/фирмата
- Напредок во фирмата
- Сакам некој да ме води, да ме поддржува, да ме менторира
- Да имам доверба во експертите
- Да работам на реални примери и проекти (пракса)
- Да добијам примери и урнеци и алатки за развој на проекти, кои би ги користел во иднина
- Да изготвам реална апликација за мојата идеја
Според вашите барања и потреби, ова се добивките што ќе ги понесете од академијата:
- Знаење и вештини за пишување и развивање на твојот прв Европски проект,
- Стратегии за пишување на проекти (Што е проблемот?, Кој го има тој проблем? Што ќе употребиме ново за решавање на проблмоет? Какво влијание ќе има?)
- Вмрежување со потенцијални партнери (за соработка, учење, размена, фидбек, како да се развиваш …),
- Завршена апликација – пополнета и подготвена за аплицирање за финансии,
- Коучинг во водење на добиен проект – дај боже да го добиете, тука сме да ви помогнеме,
- Најдобриот проект кој што ќе го развиете сте вие самите!,
- Пријателски ментори кои нема да ве судат заради нешто што не знаете или знаете погрешно
- Структурирани информации и организирани за полесно прифаќање
- Информации со можности за финансирање на проектни предлози
- Не сте сами, ќе имате со кој да се посоветувате во текот на развојот на идејата, отколку да губите време на пребарувања
Како ќе изгледа академијата:
- 1 до 2 часа неделно – лекции и онлајн предавање со насоки
- 2 до 4 часа неделно домашна работа
- Прашања и одговори на почеток на онлaјн средбата
- Примери од вашите домашни, за подобрување.
- Првите 4 -5 средби ќе се развива идејата и концептот на проектот (тренер, ментор и тимови). Најдобро е да има по двајца членови од секој тим. Зошто? Да разговарате меѓу себе и да се преиспитувате.
- Останати 5-6 средби ќе се развива проектна апликација (тренер + ментори + супервизори). Ова ќе се работи и со партнерите…не само вие сами. Пример еден партнер ќе пишува за производи, еден ќе пишвуа за тренинзи, итн…
- Во меѓувреме нашиот тим ќе ве води и ќе ви дава фидбек.
Сесии од академијата:
- Вовед во академија и запознавање
- Генерирање и развој на проектна идеја
- Дигитални вештини за развој на проекти и тимска работа
- Дефинирање на проблем, потреби, целни групи, решенија
- Развој на производи и интелектуални аутпути во проект
- Развој и дефинирање на проектни активности
- Индикатори, верификација на резултати и евалуација на проект
- Развој на буџет и финансиски деови од апликација
- Техничка подготовка на апликација
- Административни документи и совети за аплицирање
Колку е тешко да напишеш проект? Прво запрашајте се следното:
- Дали имаш желба да работиш на оваа идеја и без финансирање од страна?
- Дали имате експертиза или искуство да го развиете проектот?
- Дали ја сакате таа идеја?
- Дали ви треба таа идеја?
- Дали овој проект е вистинската потреба за вас?
- Дали е тешко да се докаже потребата од твојата идеја?
Затоа ќе ви дадеме техники кои ќе ги понесете од оваа академија за развој на вашите проектни идеи во иднина:
- Техника за генерирање и оценка на проектна идеја (критериуми: дали и колку проектни идеи има веќе на оваа тема? Дали е лесно да се опише? Дали има потенцијал за големо влијание? Дали е иновативна?)
- Техника за оформување на концептот на твојата проектна идеја
- 20% од проектот е проектната идеја и 80% е техниката на описот на таа идеја во апликацијата.
- Дрво на проблеми и решенија
- Премостување / Поврзување на потреби и желби
- Искористување на добри практики на нов начин
- Оценување на проектна идеја
Но, ќе ви дадеме и различни алатки за развој на различни делови од апликацијата:
- Проблем – алатка за дефинирање на проблемот
- Целна група – алатка за опис и разбирање на целната група, нивните потреби и барања
- Иновации – алатка за наоѓање на нов начин и пристап кон решавање на проблемот
- Влијание – алатка за опис на вештините и знаењата од проектната идеја
Како ќе се постигнат целите на оваа академија?
Методологија:
- Пишување со взаемно помагање (различни тимови даваат фидбек на други тимови)
- Ќе работиме во Google Docs – техники за ефикасно работење и организација на фајлови
- Гемификација – учење преку игра
- Искуствено учење
- Поделба на работите: 50% од времето ти ја развиваш идејата, доказите, концептите, а останатите 50% со партнерите.
- Копирање и иновација (истражување на нешто постоечко, учење што има таму, подобрување и нови концепти кои водат до иновација).
- Проблем кон подобрено решение
- Го знам проблемот – кон знам како да го решам
- Кој, Што, Како, Зошто?
Кои се обучувачите и менторите:
Јован Сталевски, Катерина Кимовска, Шемседин Илијаз
- 15 години во Европски проекти
- Обучувачи за бизнис развој, преку 4000 лица тренирани низ цел свет, преку 300 бизнис планови и преку 30 проекти напишани. Повеќе од 70% реализација.
- Членови и соработници на ЦЕФЕ Македонија од 2013 година.
Вклучени во развој на бизнис идеи од 2005 година.
Што направивме да ги разбираме проектите?
- Прво, она што беше пдф апликација, го внесував во ворд документ и започнував да пишувам.
- Што се важните делови од апликацијата: проблем, таргетни групи, иновации, потреби и барања на целните групи, активности, последници…итн … да се структурира во еден мозаик разбирлив за мозокот за да може да се организира и да почне да развива идеја.