Вести

Објавено на септември 28th, 2017 | од admin

0

Итен повик за обука во Италија

This post is also available in: English

Почитувани,

ЦЕФЕ Македонија ве кани да учествувате на обуката “Квалитетен проектен менаџмент во Еразмус+”, која што ќе се одржи од 01 до 08 декември 2017 на југоисточниот брег на Италија (Јадранско Море).

Целта на обуката е да вмрежи младински работници и професионалци од 8 Европски држави и да ги инспирира да го подобрат менаџирањето и водењето на проекти од Еразмус+ програмата. Во исто време ќе стекнете компетенции за планирање, имплементација, мониторинг и контрола на квалитетот на вашите Еразмус+ проекти.

Сигурно не сакате да ја пропуштите можноста да се вмрежите со истомисленици, потенцијални партнери, и да работите во прекрасната Италија… затоа пополнете ја апликацијата APPLICATION FORM E+QUALITY и испратете ја на info@cefe.mk најкасно до 09 октомври 2017.

За повеќе информации околу обуката превземете ја брошурата INFOPACK e+quality LATEST.

Ве очекуваме,

Тим на ЦЕФЕ Македонија


За авторот



Comments are closed.

Back to Top ↑