Објавено на октомври 30th, 2015 | од admin
0Иновативни и несекојдневни модели на финансирање на мали и средни претпријатија
Сите светски експерти учат дека парите се ресурс кој што го има во најголеми количини на планетава. Прашањето е: Каде се? Како до нив? На кој начин да ги ставам во функција на мојата бизнис идеја?
За таа цел Ве покануваме на 14 Ноември 2015 год. во просториите на Стопанската Комора во Скопје да земете учество на еднодневнен настан кој ќе содржи трибина и обука на кои ќе се зборува за користа и достапноста на несекојдневните модели на финансирање за мали и средни претпријатија.
Главна цел:
- Да научите за над 30 некласични начини на финансирање кои им стојат на располагање на претприемачите,
- Да ве мотивира на проактивност во вашето барање и искористување на овие фондови,
- вмрежување на претприемачите со консултанти и институции кои би им помогнале во овај процес.
Досегашните многубројни обуки од оваа област акцент ставаат на банкарските кредити кои се разликуваат само по каматните стапки. На оваа обука ќе бидат презентирани преку 30 алтернативни модели на финансирање на стартапи, мали и средни фирми, фамилијарни бизниси (краудфандинг, бизнис ангели, акселератори, иновациски фондови, европски фондови, билатерални фондови, ризичен капитал и др.). Оваа обука ќе биде единствена не само во Македонија, туку и во целиот Балкански регион.
Дизајн на настанот: Осмислен да се реализира во еден ден, а целите ќе се постигнат во три сесии составени од: презентации, дискусии, студии на случај, практична работа. Видете ја агендата
Кои се говорниците и обучувачите? Експерти докажани во бизнис секторот, кои со своето брилјантно искуство придонеле за развој на финансискиот сектор и стопанството во Македонија.
- Сем Вакнин, претприемач, писател на светскиот бестеслер „Malignant self love – Narcissism revisited”. Косопственик на неколку странски компании од сферата на финансиите, економски аналитичар, поранешен советник во Минисерство за Финансии на Р. Македонија. Човек со брилијантен бизинс ум, огромно знаење и богато искуство во бизнис светот.
- Јанко Тренкоски – генерален директор и претседател на управен обор на КБ Прво Пензиско Друштво.
- Зоран Витанов – финансиски консултант, кососптвеник на Трејд Консалтинг и коосновач на ЦЕФЕ Македонија
- Ивана Најдоска – менаџер на Калуд Академијата на ЊуМенс Бизнис Акселератор – Скопје
- На обуката ќе се презентираат и практичен пример на успешно финансиран бизнис од Фондот за Иновации и Технолошки Развој.
Што добивам дополнително?
- Секој учесник се стекнува со сертификат издаден од ЦЕФЕ Македонија;
- Материјали во печатена и електронска форма;
- Листа на контакти за ваше идно вмрежување и соработка;
- ПОДАРОК од ЦЕФЕ Македонија – видео курс во кој ќе најдете информации за грантови и поддршка за реализација на вашите бизнис идеи.
ВАЖНО: Обуката ќе биде на македонски јазик, освен делот на г-дин Сем Вакнин кој ќе зборува на англиски јазик.
Колку треба да инвестирам? Реалната цена на чинење за овој тип на обука е повеќе од 7.000 денари по учесник. Благодарение на сите говорници и обучувачи, кои го донираат своето време и експертиза без надоместок, оваа обука ќе ви биде овозможена само со инвестиција од само 600 денари* во основни трошоци.
Како да се пријавам? Пријавувањето се врши до 10 Ноември Петок 13ти, 2015 година со пополнување на електронската пријава со назнака “обука за финансирање” и потврдете го Вашето учество со уплата на банкарската сметка подолу.
Контактите на организаторите на обуката од ЦЕФЕ Македонија се: 078/437-267 Јован Сталевски; 078/201-854 Елена Гагачева; info@cefe.mk
Потврдувањето на пријавите ќе биде по принципот, прв пријавен – прв услужен.
Потврдете го Вашето присуство со уплата на 600 денари на следната банкарска сметка:
ЦЕФЕ Македонија
НЛБ Тутунска Банка АД Скопје
Жиро сметка број: 210 063 771 060 147
Адреса:
ЦЕФЕ Македонија
„Никола Парапунов“ 33/57, 1000 Скопје
Република Mакедонија
Цел на дознака: Обука за финансирање
* Цената на чинење на обуката е по учесник, во група од 60 лица. ЦЕФЕ Македонија го задржува правото на одложување и комбинирање на термините во случај на недоволно пријавени учесници. Во случај на поголем број пријавени кандидати ЦЕФЕ Македонија го применува принципот „first come – first served“ (во случајот: прв пријавен – прв услужен).
Во политиката на работа на ЦЕФЕ Македонија нема исклучоци при плаќањето на надомест за учество доколку лицето отсуствува на дел од обуката или е претставник од здружение на граѓани.