Имате бизнис решение за некој социјален проблем или потреба?

Овозможуваме пет дена во Литванија со покирени сите трошоци! На настан во Вилнус, кој ќе вмрежи и зајакне социјални претприемачи од Исланд, Кипар, Италија, Грција, Литванија и Македонија?

Чувствувате дека имате бизнис решение за некој социјален проблем или потреба? Увидовте можност на пазарот преку која ќе има добивка и заедницата? 

Креирајте ја бизнис идејата која ќе има најголемо влијание на заедницата и одржлив развој. Како? Пријавете се и учествувајте програмата која се состои од:

  • „Курс за социјално претприемништво и развој на бизнис идеја“ 🚀
  • „Менторство за креирање на бизнис концепт“
  • „Презентирање и селекција на бизнис концепт со најголем потенцијал за импакт врз општеството“

Во програмата ќе имаат можност да земат учество 15 млади луѓе кои веќе работат или имаат замислено идеја за социјален и одржлив бизнис. Истите ќе имаат можност да ги презентираат своите идеи за социјален бизнис пред стручна жири комисија. Двајца учесници со најдобри идеи ќе учествуваат на платена петдневна мобилност за социјално претприемништво во Литванија, во мај 2022 година.

Курсот ќе се реализира  на 16,17 и 18 февруари 2022 год. во Скопје, а локацијата ќе биде дополнително објавена. Изборот на бизнис концептите со најголемо влијание ќе бидат презентирани една недела подоцна.

Ги повикуваме сите млади и перспективни социјални претприемачи заинтересирани да учествуваат во програмата да го пријават своето учество најдоцна до 10.02.2022 на следниот линк: https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSd6Qw3HuezFJY-nEs18rkdzVAuFj4uI6KDiRIkzg9LdcXPhTQ/viewform

Програмата се одвива преку проектот SE4Y (Социјално претприемништво за млади). Тоа е проект, финансиран преку Еразмус + програмата, кој има за цел да ги поддржи младите луѓе кои сакаат да учат и растат професионално и лично преку грижата за другите и грижата за нивната околина.

Доколку имате дополнителни прашања за обуката, контактирајте не на blagoj.t@cefe.mk или на 071324959 (Благој)